Странски печат 09.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1284479
Странски печат 09.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Владата во Багдад и демонстрантите се договорија за прекинување на протестите, за привремено.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Турција ги заврши подготовките за реализација на воената операција во северниот дел на Сирија.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Официјална Анкара соопшти дека кога е во прашање безбедноста на земјата самата ќе ги зацрта својот пат и своите граници. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското министерство за надворешни работи го обвинува лидерот на автономната управа на Каталонија Квим Тора за формирање на амбасадорска мрежа за одделување од Шпанија. 

Мексиканскиот весник „Ел Финанциеро“: Во Екватор каде што продолжуваат антивладините протести, е воведен полициски час во сите области во земјата каде што има државни институции.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Управата на Соединетите Американски Држави (САД) вети дека ќе обезбеди дополнителна финансиска помош од 98 милиони долари за Хуан Гуаидо кој себе си се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Белата куќа одбива да соработува со Конгресот по прашањето на отповикување т.ј. импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Земјоделството, една француска приказна на распаѓање.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Тенденциите на погрешна исхрана будат загриженост.

Германски „Дојче Веле“: Предупредување од Германија за нов бегалски бран.

Германскиот веб портал „n-tv“: Републиканците ја критикуваат политиката на претседателот Доналд Трамп кон Сирија.

Новинската агенција „Ројтерс“: Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес соопшти дека поради немање пари веројатно во ноември не ќе можат да им се исплатат платите на вработените во ОН.

Рускиот весник „Росискаја Газета“: Светската банка ја намали прогнозата за економски раст на Русија.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Грузија ја пресмета штетата од  забраната за летање со Русија за која соопшти дека изнесува 113 милиони долари.

Рускиот весник „Известија“: „Њујорк Тајмс“ напиша дека во руската разузнавачка служба постои таен оддел кој што е специјално формиран за дестабилизација на Европа.



Слични вести