Странски печат 01.10.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1279400
Странски печат 01.10.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: „САД побараа да бидат пуштени на слобода 128 илјади затвореници кои се наоѓаат во затворите во Сирија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Да се овозможи да бидат казнети убијците на Кашикчи претставува наш долг.“

Оманскиот весник „Ал Ватан“: Повторно е отворен и почна да функционира граничниот премин помеѓу Ирак и Сирија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Пред да биде соопштена судската пресуда во врска со случајот за стекнување на Каталонија во Шпанија со својата независност, сепаратистите одржуваат протести на годишнината на референдумот од 2018 година. 

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Ако ме разрешат од должност ќе избие граѓанска војна.“

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Во Чиле во последните 5 дена се случија 4 силни земјотреси. Дали постои врска помеѓу нив?

Шпанскиот весник „Ла Паризиен“: На погребот на поранешниот француски претседател Жак Ширак присуствуваа голем број значајни личности, сегашни и поранешни лидери и државници и голем број граѓани.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Комунистичка Кина ја прослави 70. годишнината од своето формирање, во Хонгконг „ден на гнев“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Официјална Атина сака до крајот на 2020 година да врати назад во Турција 10 илјади бегалци. 

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Во Русија стапи на сила Законот за забрана за пушење цигари на балконите, за кој што се дискутираше многу.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Белорусија го смета за бесмислено формирањето на руска воена база на нејзини територии.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Голем број руски банки ги намалуваат каматите за станбените кредити.

Германски „Дојче Веле“: Втората Комисијата за истражување на НСУ (национал-социјалистичкото подземје) формирана во покраината Туринген, го соопшти својот извештај за јавноста. Во извештајот се нагласува дека неонацистичката група НСУ не можела да се открие поради пропустите на безбедносните единици. 

Германскиот информативен портал „Цајт Онлајн“: Грција сака бегалците да ги депортира побрзо.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германија сака да ги затвори до јуни 2020 година и двата реактора на контроверзната нуклеарна централа во Фесенхеим со која стопанисува една француска компанија. На стопанисувачот се предвидува да му се плати висока сума отштета.

 



Слични вести