Странски печат 27.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1277333
Странски печат 27.09.2019

Германскиот информативен портал „n-tv.de“: Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) гради фабрика во Турција. Од оваа фабрика ќе се оставрува извоз на автомобили во земјите од Источна Европа.

Германски „Дојче Веле“: Повик од Рухани до САД „ставете крај на политиката на притисок“. Иранскиот претседател Хасан Рухани ги повика САД да стават крај на политиката на „максимален притисок“ и да ги укинат санкциите. Меѓутоа продолжува да расте затегнатоста помеѓу двете земји.

Германскиот информативен портал „suddeutsche.de“: Зигмар Габриел, поранешен германски министри за надворешни работи, истакна дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија сака да и бидат доделени средства од фондот на Европската унија (ЕУ), а со цел да го намали влијанието на банкротот на британската туристичка компанија „Томас Кук“ над вработувањето во земјата. 

Никарагванскиот весник „Ла Пренса“: Во едно училиште во Никарагва експлодира рачна бомба. Нема загинати.

Аргентинскиот весник „“Инфобае“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри поддршката за Аргентина, меѓутоа призна дека е тешко да се излезе брзо од ситуацијата.

Францускиот весник „Ле Монд“: По смртта на поранешниот француски претседател Жак Ширак „емотивноста го надмина она коешто го имаше направено“.

Француски „Ле Фигаро“: Поради смртта на Жак Ширак во понеделник е прогласена еднодневна национална жалост во земјата.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Белата куќа се обидела да го прикрие досието во врска со Украина.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео средбата ќе ја започнат со прашања посветени на санкциите и визите.

Рускиот информативен портал „РТ“: Во Русија е донесена забрана за пушење цигари на терасите. 

Руската интернет страница „Gazetem.ru“: Прва средба помеѓу Русија и Грузија по изминати 11 години.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека ќе распореди ракети Патриот и радарски системи во Саудиска Арабија.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се издава во Лондон: И покрај апсењата и заканите денеска се очекува повторно да се одржат демонстрации во Египет.

Арапскиот весник „Адустур“: Турција, Пакистан и Малезија ќе формираат заеднички телевизиски канал против исламофобијата.



Слични вести