Странски печат 13.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1268754
Странски печат 13.09.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Невработеноста во Саудиска Арабија опадна за 12,3 отсто.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Недостатокот од лекови во Газа достигна до 40 отсто.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Поплавите го парализираат животот во главниот град на Алжир.

Германски „Дојче Веле“: Германија е во потрага по соработка со Турција против подемот на миграцијата. Порастот на илегалната миграција кон Европа ја постави Германија во состојба на готовс. Германската Влада која води интензивни консултации со Анкара и Атина, има за цел по пат на соработка да го стави под контрола миграцискиот бран.

Германскиот информативен портал „bild.de“: Што е позначајно? Климата или слободата? Целиот свет говори за борбата што ја водат поборникот за слобода активистот од Хонгконг Џошуа Вонг и активистката за мир Грета Тунберг.

Германски „spiegel.de“: Како што се истакнува, американскиот претседател Доналд Трамп има 15 кандидати за советник за национална безбедност.

Рускиот информативен портал „obsor.press“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека војната во Сирија навистина заврши.

Рускиот весник „МК“: Рускиот претседател Владимир Путин во 2020 година ќе го посети Израел. 

Рускиот веб сајт „turkrus.com“: Претседателот Путин разреши 30 офицери со високи чинови. 

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Против еден екстремно десничарски француски дипломат на задача во амбасадата на Франција во Салвадор е покрената истрага во Франција за тероризам.

Француски „Ле Монд“: Според буџетот на Франција за 2020 година, задравството и животната средина се сектори кои што ќе бидат подложени на најголемо влијание од отпуштањата од работа.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Најголемиот ледник на Алпите би можел целосно да го снема пред 2100-тата година.  

Аргентинскиот весник „Кларин“: Мексико претставува тајно гробиште на кое му нема крај. Откриена е нова масовна гробница во која се наоѓаат посмртни остатоци на луѓе во 119 преполни чанти.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Втор ден од издадениот црвен аларм поради поројните врнежи од дожд во Алмерија, Аликанте, Валенсија и Мурција во Шпанија.

Шпански „Ла Вангарија“: Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен размислува да го промени дискутабилното дефинирање кое што се нарекува „Заштита на европскиот начин на живот“.

 



Слични вести