Странски печат 11.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1267321
Странски печат 11.09.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Арапските министри за надворешни работи истакнуваат дека изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се во спротивност со меѓународното право.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Арапските министри за надворешни работи ги осудија изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анексија на дел од територии на Западниот Брег.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека претседателот Трамп безусловно може да се состане со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши од должност својот контроверзен советник за национална безбедност Џон Болтон.

Колумбискиот весник „Ел Хералдо“: Венецуела, за воената вежба „Сувереност и мир“ на својата граница со Колумбија распореди 150 илјади војници.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Колумбија прогласи „висока алармантна состојба“ поради воената вежба на режимот на Николас Мадуро, на границата.

Германски „Дојче Веле“: Германија повторно ја започнува безбедносната соработка со Саудијците. Официјален Берлин, за обучување на саудиските погранични полицајци ќе испрати свои полициски службеници во Ријад. Опозицијата и граѓанските организации реагираат против ваквата одлука.

Германскиот информативен портал „welt.de“: Јавното обвинителство на Франкфурт започна истрага поради вршење расизам против 6 ученици на полициската школа и го прекина нивното образование.

Германскиот весник „Хамбургер Абендблат“: Во меѓународна споредба на ОЕЦД се упатува и честитка и критика на системот за образование на Германија.

Рускиот весник „Комерсант“: Украина го сопре раскинувањето на договорите со Русија.

Рускиот весник „Известија“: Во мај 2020 година во Крим ќе започне изградбата на првите два брода носачи на хеликоптери на Русија.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Новата претседателка на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен истакна дека е на страната на побрза интеграција на Украина и Грузија кон Европската унија (ЕУ).

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Турско-американска воена операција во Сирија.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на еден пред изборите вети дека ќе анектира дел од териториите на Западниот Брег.



Слични вести