Странски печат 09.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1265917
Странски печат 09.09.2019

Францускиот весник „Ле Монд“: Прекумерното жешко време во јуни и јули во Франција, стана причина за смртта на 1.500 лица

Француски „Ле Фигаро“: Ураганот Дориан - Француски војници испратени на Бахамите.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Во пожарот што избувна во Дом за старци во 17-сетата област на Париз е тешко повредено едно лице.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Раководителите на Социјалистичката партија во Шпанија бараат алтернативни патишта и се обидуваат да стојат далеку од евентуални избори.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е опериран. Здравствената состојба на бразилскиот лидер кој во Сан Пабло беше подложен на операција на абдоминалната хернија, му е добра.  

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го постигна својот 19-ти Гренд Слем успех на отворениот тениски турнир во САД.

Рускиот информативен портал „Регнум“: На локалните избори во Москва Партијата „Единаја Россија“ ја прогласи својата конечна победа.  

Информативниот портал „РТ“: Принцип на реципроцитет: САД стравуваат од евентуалниот одговор кој што ќе се даде против воведените ограничувања кон руските дипломати.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Советникот за Национална безбедност на САД Џон Болтон ја оцени позитивно реализираната размена на затвореници помеѓу Русија и Украина.

Германски „Дојче Веле“: Американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина преговорите со Талибан.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ)“: Штрајк на пилотите на Бритиш Ервајс – Откажани се речиси сите летови.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Месут Озил, натпреварот помеѓу Арсенал и Барнли го следеше од трибината.

Саудискиот весник „Ал шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Потпретседателот, премиер на Обединетите Арапски Емирати и емирот на Дубаи шеикот Мухамед Бин Рашид, одржа говор по повод прославите на 10 годишнината од ставањето во услуга на Метрото во Дубаи.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Израел чувствува загриженост поради беспилотното летало на Хамас.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Иран ги зголемува своите притисоци и алудира на ограничување на своите одговорности во врска со нуклеарните активности.



Слични вести