Странски печат 05.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1264023
Странски печат 05.09.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Извршен мистериозен напад на една цел на Иран во североисточниот дел на Сирија.

Телевизискиот канал „Ал Џезира“: Малиот син на соборениот египетски претседател покојниот Мухамед Мурси, Абдулах Мурси, почина во болница од срцев удар.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој излегува во Лондон: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека не е време за разговор со Иран.

Францускиот весник „Ле Монд“: Според „Хјуман Рајс Воч“, француската полиција ги вознемирува милитантите приврзаници на мигрантите во областа Хаутес-Алпес (Високите Алпи) во Франција.

Француски „Ла Паризиен“: Недвижнини - Откако цените на еден квадратен метар во Париз се искачија на над 10.000 евра семејствата почнаа да го напуштаат центарот на главниот град.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Нов неуспех за британскиот премиер Борис Џонсон - Британските пратеници го одбиваат барањето за предвремени избори.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: 50 илјади шпански ученици новата учебна година ќе ја започнат во монтажни училишта.

Шпански „Ел Мундо“: Вчера беше пронајдено мртвото тело на Бланка Фернандез Очоа поранешна шпанска алпска скијачка и освојувачка на Олимписки медал, која 11 дена како се водеше како исчезната. Полицијата смета дека причината за нејзината смрт не претставува несреќа.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Партијата ФАРК во Колумбија ќе ги исклучи од партијата војниците кои донесоа одлука повторно да го земат оружјето в рака.

Германскиот информативен портал „spiegel.de“: Британската влада не сака повеќе да го блокира законот за Брегзит без договор. Владата и премиерот Борис Џонсон се откажаа, на дневен ред се наоѓаат предвремени избори.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Каматните стапки во Германија се наоѓаат на најниско ниво во историјата. Меѓутоа, тоа и не е многу добро за банките. Клиентите кои не се откажуваат од старите средства за инвестирање, се конзервативни по прашањето на новите средства за инвестирање.

Германскиот информативен портал „fokus-online.de“: Турската економија оствари поголем економски раст од прогнозите на експертите.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека продолжувањето на санкциите на Европската унија (ЕУ) против Русија ќе биде разорно за самиот Брисел.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: На границата на Русија е откриена тајна воена база на специјалните сили на САД.

Руската информативна агенција „РИА Новости“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека не е точно Кина да се дефинира како „постар брат“ на Русија и дека Русија претпочита своите односи со другите земји да ги воспоставува на основа на взаемна корист.



Слични вести