Странски печат 03.09.2019

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање...

1262729
Странски печат 03.09.2019

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Разурнувачкиот ефект на ураганот Дориан на Бахамите стана причина за смртта на 5 лица.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Пуштен на слобода едниот од главните виновници во судскиот предмет „Ајотзинапа“ во врска со исчезнувањето на 43’јцата ученици во Мексико.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро рече дека ќе учествува на Генералното заседание на Обединетите нации (ОН) каде што ќе одржи говор во врска со шумите на Амазонија.

Германскиот информативен портал „Br.de“: Климатските промени носат вируси и болести во Германија.

Германски „Дојче Веле“: Во трагичниот пожар во сојузната држава Калифорнија во САД животот го загубија голем број лица.

Германскиот информативен портал „Nex24.news“: Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини побара земјите од Западен Балкан набрзина да станат членки на Европската унија (ЕУ).

Рускиот информативен портал „RT“: Амбасадата на Русија во Велика Британија ги осуди зборовите на британскиот премиер Борис Џонсон кои што ги употреби во врска со Втората светска војна. Џонсон истакна дека Полска во 1929 година остана помеѓу „фашистичкиот чекан и комунистичката наковална“.

Рускиот портал „gazeta.ru“: Поранешниот украински министер за економија Виктор Суслов рече дека ембаргото кое што се спроведува врз Крим ја кошташе земјата 1 милијарда долари.

Рускиот весник „Известија“: Грузискиот министер за надворешни работи Георгиј Гахарија назначен за премиер.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Коалицијата истакна дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се обидоа да ја смират ситуацијата во Јемен.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Од 2014 година досега во Ирак се водат како исчезнати 25 илјади лица.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Меѓународниот кривичен суд побара повторно да биде разгледан судскиот предмет во врска со нападот што го изврши Израел врз флотата за Газа.

Францускиот весник „Ле Монд“: Брегзит - Британскиот премиер Борис Џонсон е спремен да се соочи со Парламентот.

Француски „Ле Фигаро“: Национална мобилизација против насилството врз жените.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: „Таткото во затвор, мајката се издигна кон небото“ - Џули, Дејзи и Клое. Три жени чии судбини се потресени со убиства врз жените.



Слични вести