Странски печат 09.08.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1250548
Странски печат 09.08.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Бахреин упати повик до Иран и побара од оваа зејма да се откаже од однесувања кои што ја зголемуваат затегнатоста.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Ембаргото против Катар влијаеше негативно на интересите на Америка во регионот.

Германскиот инофрмативен портал „spiegel.de“: Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини ја води земјата кон криза. Премиерот Конте чека објаснување. Италијанскиот премиер Џузепе Конте со остри зборови го критикуваше министерот за внатрешни работи Салвини. Премиерот истакнува дека Матео Салвини нема право да бара предвремени избори. 

Германски „bild.de“: САД размислуваат да повлечат еден дел од своите војници стационирани во Германија. Амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел рече: „Претставува навреда тоа што од една страна Германија буџетскиот вишок го користи за сопствени цели, а од друга страна американските граѓани продолжуваат да плаќаат пари за своите 50 илјади војници во Германија.“

Германскиот информативен портал „tagesschau.de“: Германија продолжува да е обожава земја за патување.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Синдикатите го предупредија премиерот Педро Санчез веќе да се договори со партијата Подемос и да стави крај на средината на политичка недоверба во земјата.

Шпански „Ел Мундо“: Забавувањето во производството ја загрижува Шпанија и се шири негативната атмосфера на економскиот застој во Германија.  

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Европската унија (ЕУ) се спротивставува на тоа што САД ги следат фирмите кои работат со Венецуела. 

Францускиот весник „Ле Монд“: Премиерот на Тунис ја истакна својата кандидатура за претседател.

Француски „Ле Фигаро“: Поведена е истрага откако една бремена жена во Париз го изгуби своето дете во притвор. 

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Почина францускиот режисер Жан-Пјер Моки.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Судот во Киргистан му одреди притвор до 26 август на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев.

Рускиот информативен портал „lenta.de“: Телевизиските канали во Мексико ги прекинаа своите емисии и предупредија за опасност од голем ураган.

Рускиот информативен веб-сајт „МКРУ“: Украинскиот претседател Владимир Зеленски не го потпиша заедничкото соопштение за печат со грчкиот патријарх во Фенер во Истанбул Бартоломеј.



Слични вести