Странски печат 07.08.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1249196
Странски печат 07.08.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Дифтеријата им се заканува на 237 области во Јемен кои што се наоѓаат под контрола на пучистите.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Израел ја одобри изградбата на 2.304 нови станови во Западниот Брег.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој излегува во Лондон: ДЕАШ повторно се појави во Сирија и го зајакна своето присуство во Ирак.

Германскиот информативен портал „bild.de“: Во Германија данокот на додадена вредност (ДДВ) за месните производи од 7 отсто се зголемува на 19 отсто.

Германски „Шпигел-Онлајн“: Турција се подготвува за операција во северниот дел на Сирија.

Германскиот информативен портал „stern.de“: Лицето кое измасакрира голем број лица во градот Ел Пасо во САД, ја убило и соствената сестра.

Рускиот весник „РБК“: Руските безбедносни сили во рамките на борбата против тероризмот започнаа операција во Ингушетија.

Рускиот телевизиски канал „Раша Тудеј“: Јапонија не го призна протестот на Русија во врска со Курилските острови. 

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Вооружените сили на Украина итно ја ставаат во акција армијата против Донбас.

Шпанскиот весник „Ел Пасо“: Премиерот Педро Санчез денеска ќе се состане со кралот Фелипе Шести.

Перуанскиот весник „Ел Комерцио“: Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза истакна дека САД се обидуваат Венецуела да ја доведат во состојба на „земја за геополитичка војна“ против Русија и Кина.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Претставникот на Николас Мадуро во Обединетите нации (ОН) Самуел Монкада истакна дека поради санкциите на САД мисијата во Њујорк не може да добие пари со посредство на банкарските сметки.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Николас Саркози се уште ги краси соништата на десницата.

Француски „Ле Фигаро“: Ким Јонг-ун истакна дека последните ракетни проби на Северна Кореја се во својство на „предупредување“ против САД и Јужна Кореја.

Францускиот весник „Ле Монд“: Постојат сомневања од искреноста на американскиот претседател Доналд Трамп кој ја осуди супериорноста на белата раса.  



Слични вести