Странски печат 19.07.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Странски печат 19.07.2019

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Москва ги демантираше вестите околу тоа дека се распоредени копнени единици во Сирија.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој што се објавува во Велика Британија: Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека моментално не размислуваат да спроведат санкции врз Турција.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Израел на работ да изгради своја воена база во Саудиска Арабија.

Германскиот информативен портал „bild.de“: Брод на флотата на САД собори беспилотно летало во сопственост на Иран.

Германски „faz.de“: Забраната за летање ја чини компанијата Боинг загуба од милијарди долари. Американската компанија поради срушените авиони 737-Макс се подготвува да плати огромни суми оштета.

Германски „taz.de“: Најпрвин ракета, потоа воен авион. Русија, по продажбата на С-400, на Турција и предложи и воен авион.

Рускиот весник „Вести“: На дневниот ред на американскиот Конгрес е поставен нацрт закон кој што содржи нова санкција против Русија.

Руската новинска агенција „Интерфакс“: При евакуација од авион на аеродромот Шереметјево во Москва се повредени 8 лица.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Претседателот Владимир Путин ја посети Иркутската област која беше погодена од поплави.

Венецуелскиот весник „Ултимас Нотициас“: Венецуела го осуди вооружениот напад во градот Ербил во Ирак, во кој беше убиен  еден турски дипломат.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Мексико го бара богатството на Ел Чапо. Претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор ќе побара богатството на нарко-босот да му биде предадено на мексиканскиот народ.

Колумбиското радио „RCN Radio: Белгија донира повеќе од 300 илјади вакцини наменети за венецуелските бегалци во Колумбија.

Францускиот весник „Ле Монд“: Британските пратеници гласајќи за текст против Брегзит без договор, го предупредија Борис Џонсон.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: САД соопштија дека е соборено иранско беспилотно летало во Ормушкиот теснец.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Купот на африканските нации 2019: Мане или Махрез, две ѕвезди, меѓутоа во Египет ќе има само еден Фараон.



Слични вести