Странски печат 17.07.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1236948
Странски печат 17.07.2019

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Кај бреговите на Нигерија киднапирани 10 турски морнари.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Со Иран е постигнат голем напредок... и сакаме да остане надвор од настаните во Јемен.“

Саудискиот весник „Ал Ријад“: Португалија поради безбедносни причини го суспендира издавањето на виза за Иранците.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Кавгата за природниот гас на Кипар ја зголемува тензијата во Источниот Медитеран.

Шпански „Ел Мундо“: Урсула фон дер Лејен за 14 дена успеа да стане претседателка на Европската комисија (ЕК).

Колумбискиот весник „Ел Хералдо“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео, призна дека Колумбија во последно време постигнува напредок во борбата против опојните дроги.

Германскиот информативен портал „bild.de“: По оставката на германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, канцеларката Ангела Меркел за нова министерка за одбрана ја назначува новата претседателка на Демохристијанската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер.

Германски „Дојче Веле“: Дигиталната валута на Фејсбук „Либра“ загрижува. Експертите се загрижени по прашањето на крипто-валутата „Либра“ за која социјалниот гигант Фејсбук соопшти дека ќе ја стави во употреба на пазарот во првата половина на 2020 година.

Германскиот информативен портал „tagesspiegel.ge“: Зошто е силна Турција? Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Доколку Европската унија (ЕУ) мисли дека со своите санкции ќе може да ја сопре Турција во Источниот Медитеран, се лаже.“

Белгискиот весник „Ле Суар“: Француската министерка за транспорт Елизабет Борн, назначена за министерка за екологија. 

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Европа се соочува со тешкотии во запирањето на кризата помеѓу САД и Иран.

Француски „Ле Паризиен“: Во Иран уапсена француската истражувачка од иранско потекло Фариба Абделках.

Рускиот весник „Вести“: Завршени две третини од изградбата од делот на гасоводот „Северен тек-2“, кој што поминува под морето.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Во Турција слета 13-от карго авион со компонентите на С-400.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: НАТО по грешка го откри нуклеарното оружје на САД.



Слични вести