Странски печат 03.07.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1229325
Странски печат 03.07.2019

Катарскиот весник „Ал раја Ал Катарија“: Тоа што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги наоружуваат силите на Халифа Хафтар во Либија претставува закана за склучените договори со Соединетите Американски Држави (САД).

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Афсат: Во Ирак се дава голема поддршка на реструктуирањето на силите Хашди Шаби.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) истакнаа дека оружјето во Либија не им припаѓа ним.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Со доаѓањето на министерот за надворешни работи Жозеф Борел на должноста висок претставник на Европската унија (ЕУ), Шпанија се врати во првите редови во Унијата.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Педро Санчез кој е кандидат за претседател на Владата ќе учествува на дискусијата за назначување што ќе се одржи на 22 и 23 јули во Конгресот на пратениците.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека по Денот на независноста ќе бидат депортирани голем број илегални имигранти.

Германскиот весник „Велт“: Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен ќе стане нов претседател на Комисијата на Европската унија (ЕУ).

Германски „Тагесшау“: Ослободен капетанот на бродот „Sea-Watch 3“ кој беше уапсен откако ги донесе без дозвола во италијанското пристаниште илегалните имигранти кои ги спаси во Средоземното Море.

Германскиот весник „Дер Тагесшипег“: Шумскиот пожар во околината на Лубтхен , во покраината Мекленбург – Проблем цела Германија – Шумскиот пожар во покраината Мекленбург содржи голем број прашални знаци.

Францускиот весник „Ле Монд“: Франција и Германија големи добитници од одржаните преговори за клучните функции на Европската унија (ЕУ).

Француски „Ле Фигаро“: Бегството на едната од сопругите на шеикот на Дубаи во Германија, му нанесе голема штета на имиџот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Францускиот весник „Либерасјон“: Јапонија повторно го дозволува комерцијалниот лов на китови.

Рускиот весник „Gazeta.ru“: Двајца од 14’те морнари кои го загубија животот во подморницата во Русија, беа руски јунаци, одликувани со државен орден.

Рускиот весник „РБК“: Говорите на украинскиот претседател Владимир Зеленски во Канада беа дочекани со смеење.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Холандскиот премиер Марк Руте на лидерскиот самит на Г-20 разговараше тајно со рускиот претседател Владимир Путин, по прашањето на авионот од типот Боинг MH17 кој што се сруши во 2014 година.



Слични вести