Странски печат 28.06.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1226640
Странски печат 28.06.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападите во Тунис.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој излегува во Лондон: Одговор од Зариф до Трамп: Идејата за куса војна со Иран претставува илузија.

Истиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Фореин полиси истакна дека планот на Помпео за формирање Сили гардисти во Заливот е празен план.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Заканите кои што ги упатува Трамп покажуваат дека нема да поминат лесно разговорите лице в лице за кои што се очекува да се одржат за време на состаноците на Г-20 во Осака, а поготово со неговите теоретски сојузници.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Од Викиликс 9 информации во врска со Мексико. 

Аргентинскиот весник „Кларин“: Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард истакна дека економската програма на Аргентина почна да ги дава своите резултати.

Германски „Дојче Веле“: Повик од Меркел за борба против екстремната десница. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека за борба против екстремната десница треба да се повлече линија со неја.

Германскиот портал „Шпигел Онлајн“: Масакрот во концертната сала Батаклан во Париз. Во Германија уапсен 39 годишен Босанец, осомничен за тероризам. 

Германската телевизија „ЗДФ“: Соборен рекордот на жешко време во јуни од 38,5 степени од 1947 година. Во источна Германија се измерени 38,6 степени. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Путин и Трамп се состануваат во Осака.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Русија и Кина се откажаа од билатералната трговија со долари.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Путин рече дека во Русија нема олигарси. Рускиот лидер истакна дека во земјата има големи фирми, но дека речиси нема такви кои поради блискоста со власта се стекнуваат со било какви предности.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Енормно жешко време во Франција. 4 области со црвен аларм, првпат во историјата.

Францускиот весник „Ле Монд“: Германскиот печат дискутира за здравствената состојба на канцеларката Ангела Меркел.

Француската телевизија „Франс 24“: На дебатата на Демократите во САД Камала Харис и новата генерација го потресоа Џо Бајден.

 

 



Слични вести