Странски печат 26.06.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1225285
Странски печат 26.06.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот претседател Доналд Трамп му се заканува на Иран со „уништување“ со огромна сила.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој излегува во Лондон: Кушнер и покрај гневот на Палестинците, го започна од Манама економскиот план за Блискиот исток.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Во Либан се појави голема реакција против „Договорот на векот“ и почна општ штрајк во палестинските бегалски кампови.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Расте притисокот за отворање на патот пред планот подготвен против загаденоста во Мадрид.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Педро Санчез ќе ја преземе должноста во јули.

Шпанскиот весник „Ел Периодико“: Иран истакна дека Белата куќа е ментално заостаната.

Германскиот информативен портал „ZDF.de“: Суша во Германија – Ова лето поради сушата Германија е поделена на два дела: Додека на југ не постои поголем проблем, недостатокот од вода во северниот дел влијае негативно на земјоделството и шумите.

Германскиот весник „Ханделсблат“: Фолксваген веројатно својата нова фабрика за автомобили ќе ја изгради во Турција.

Германски „Дојче Веле“: Католичките бискупи предупредуваат против десничарскиот популизам: Десничарскиот популизам создава поделби во германското општество и го отежнува дијалогот.

Руската новинска агенција „Регнум“: Познати земјите кои гласаа во полза на Русија во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ).

Рускиот информативен портал „Рамблер“: Градоначалникот на Тбилиси им се обрати на Русите: Руските туристи во Грузија се целосно безбедни.

Рускиот портал „Lenta.ru“: Братучедот на Сергеј Скрипал изјави дека неговиот чичко пред да биде затруен во градот Салисбери можеби склучил таен договор со британските власти.

Швајцарскиот  весник „Ле Темпс“: Во рамките на истрагата за вмешаност на Русија во претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), јавниот обвинител со специјална надлежност Мулер ќе биде ислушан од страна на американскиот Конгрес.

Францускиот весник „Ле Монд“: Како треба да се заштитат од прекумерно високите температури бебињата, старите и ранливите лица?

Француски „Ле Фигаро“: Поради загаденоста на воздухот предизвикана од прекумерно жешкото време, возилата во околината на Париз и Лион ќе излегуваат на сообраќај наизменично.



Слични вести