Странски печат 20.06.2019
Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Ракетниот напад врз Ирак носи ирански траги.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека ќе се побара сметка од египетските функционери во врска со смртта на Мурси, на меѓународна платформа.
Либанскиот весник „Ал Хајат“: Бројот на лицата кои биле принудени да ги напуштат своите домови во 2018 година во светот, достигна до 71 милион.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Владата на Санчез во Брисел ќе говори за проблемот со општата невработеност и за потребата од зголемување на буџетот што се одделува за климатските политики.
Шпански „Ел Мундо“: Шпанскиот премиер Педро Санчез планира буџетските програми предвидени од страна на поранешниот премиер Рахој, да бидат продолжени до 2020 година.
Венецуелската телевизија „Телесур“: Полицијата во Хондурас штрајкува против владата на Хернандез.
Руската новинска агенција „Регнум“: Во Русија може да се воведена нова казна за возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи.
Рускиот весник „Известија“: Еден политичар во Украина, турнејата на претседателот Зеленски по Европа ја окарактеризира како „фијаско“.
Рускиот информативен портал „İzvestiya.ru“: Заменик рускиот министер за надворешни работи ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД) за „демонстрирање сила“ на Блискиот исток.
Францускиот весник „Ле Фигарто“: Белгија се обвинува за предавање на ујгурското семејство на кинеската полиција.
Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Иран тврди дека во границите на своите територии соборил американско беспилотно летало.
Францускиот весник „Либерасјон“: Муслиманските браќа се соочуваат со најтешката состојба во својата историја.
Германски „Дојче Веле“: Ријад наведува дека извештајот на Обединетите нации (ОН) во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е контрадикторен. Како што се вели, Саудиска Арабија покажа реакција на извештајот на Обединетите нации (ОН) во врска со убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги), а со образложение дека содржи „јасни контрадикторности и неосновани тврдења“. Во извештајот за кој станува збор, се предлага да се истражува врската на саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман со убиството.
Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Кинескиот претседател Ши Џинпинг престојува во официјална посета на Северна Кореја.
Германскиот информативен портал „ard.de“: Градоначалничката на Келн Хенриете Рекер добива закани со смрт.