Странски печат 14.06.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1218405
Странски печат 14.06.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: САД истакнаа дека за нападот во Оманскиот залив е одговорен Иран.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Ирак започна воена операција во планинскиот предел за фаќање и елиминирање на членовите на терористичката организација ДЕАШ.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Катар предупреди од можноста за нарушување на безбедноста во Заливскиот регион и Блискиот исток.

Германскиот информативен портал „Merkur.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикува и ја предупредува со тешки зборови Германија. Во тој момент ја напушта својата должност и портпаролот на Белата куќа.

Германското списание „Фокус“: Поранешниот телохранител на Усаме бин Ладин, кој беше незаконски депортиран од Германија, нема да биде вратен назад во земјата.

Германски „Дојче Веле“: Екстремно десничарска терористичка закана во Германија. Во Германија има приближно 24 илјади екстремни десничари и еден од секои двајца екстремни десничари е на страната на насилство, а поголемиот дел од нив располагаат со искуство за користење на оружје. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: САД за нападот врз двата танкери за нафта во Оманскиот залив го обвинуваат Иран.

Шпански „Ел Мундо“: Велика Британија ја одобри екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Сеќавање со почит кон Че Гевера на неговиот 91-ви роденден.

Францускиот весник „Ле Монд“: Жените во Швајцарија повикани на штрајк за протест против нееднаквоста.

Француски „Ле Паризиен“: Од почетокот на кризата со протестите на жолтите елеци е зголемена употребата на оружјето „ЛБД“, вид оружје со лансирни гумени проектили за одбрана, кое го користи француската полиција.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Чичкото на француските деца во Сирија се пожали од Франција кај Европската унија (ЕУ).

Рускиот весник „Комерсант“: Путин и Трамп размислуваат да остварат средба на самитот на Г-20.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Европа и Русија се договорија по прашањето на спасување од доларот. Ќе бидат разгледани можностите за тргување со рубљи и евра.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Заврши изградбата на првата железничка пруга на Кримскиот мост. 

 



Слични вести