Странски печат 12.06.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1217036
Странски печат 12.06.2019

Германскиот информативен портал „Zdf.de“:  Министерот за надворешни работи Хеико Мас во Техеран - Не можеше да се постигне напредок по прашањето на нуклеарниот договор.

Германскиот сајт „Tagessschau.de“: Претседателот на парламентарната група на Демохристијаните (ЦДУ) Бринкман истакна дека Крамп-Каренбауер ќе се кандидира за канцеларка.

Германски „Дојче Веле“:Турско-исламската заедница за верски прашања (ДИТИБ) истакна дека омразата против муслиманите во Германија, е на загрижувачко ниво.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој што се објавува во Велика Британија:Ослободен либанскиот бизнисмен Незар Зекка, кој беше уапсен во 2015 година во Иран, по учеството на една конференција посветена на жената.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“:Саудиска Арабија уапси некои бизнисмени кои вработуваат Палестинци.

Либанскиот весник „Ал Хајат“:Иран ги забрани новинарските активности на дописникот на „Њујорк Тајмс“.

Колумбискиот весник „Ел Универсал“:Поранешниот лидер на ФАРК Хесус Сантрич стапи на должност во Колумбија како член на Конгресот.

Шпанскиот весникот „Ел Паис“:Шпанската влада им дозволи на САД да го зајакнат своето воено присуство во базата Рота во градот Кадиз.

Перуанскиот весник „Ел Комерцио“:Мистериозната смрт на американските туристи кои допатуваа на одмор во Доминиканската Република: Само за една година животот го загубија 6 мина американски туристи.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:Токаев стапи на должност како претседател на Казахстан.

Рускиот весник „Известија“:Руското министерство за внатрешни работи ја прекина истрагата во врска со новинарот Иван Голунов на кого со обвинување за бавење со опојни дроги, му беше изречена казна домашен затвор.

Руската новинска агенција „ТАСС“:Руските граѓани го слават 12 јуни „Денот на Русија“.

Францускиот весник „Ле Паризиен“:Францускиот претседател Емануел Макрон предупредува против „скршнувањата на полудениот капитализам“.

Францускиот весник „Ле Фигаро“:Макрон пред Г-7 сака „повторно да воспостави динамика“ со Путин.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Американскиот претседател Доналд Трамп по грешка покажа еден дел од постигнатиот договор со Мексико.



Слични вести