Странски печат 10.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1215474
Странски печат 10.05.2019

Германски „Дојче Веле“: Во некои поштенски кутии на улицата Кеуп во градот Келн каде што во мнозинство живеат Турци се оставени брошури со закана.

Германскиот информативен портал „N-TV.de“: Демохристијаните (ЦДУ) се соочуваат во сериозни тешкотии.

Германскиот весник „Весер-Куриер“: Постепено се повеќе се проширува осаменоста меѓу луѓето во Германија.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Високиот суд е за продолжување на притворот на лицата кои се наоѓаат во затвор поради „референдумот за независност во Каталонија“, до датумот на нивно изнесување пред суд.  

Мекиканскиот весник „Ел Универсал“: По постигнатиот трговски договор меѓу Мексико и Европската унија ЕУ) американскиот долар изгуби вредност од 38 куруши.

Шпанскиот весник „АБЦ“: Рафаел Надал повторно шампион во Париз.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој што се објавува во Велика Британија: По добиената дозвола од јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади, премиерот на оваа земја утре ќе оствари посета на Обединетите Арапски Емирати.

Истиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Катарскиот министер за надворешни работи изјави дека ќе се поддржува секој мировен план на Блискиот исток кој што ќе биде прифатен од страна на Палестинците.

Египетскиот весник „Ал Ахрам“: Суданските демонстранти бараат протестите да продолжат се додека управата  во земјата да и биде предадена на цивилна власт.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Израел го бранеше правото на Израел за анексија.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Бурата Мигуел доведе до прекин на електричната енергија во приближно 15 илјади домаќинства во Франција.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Британскиот министер за надворешни работи смета дека би можело наново да се преговара со Европската унија (ЕУ). 

Руските информативни гласила „Ведомости“, „Комерсант“ и „РБК“ по апсењето на новинарот Иван Голунов поради сомневање за бавење трговија со опојни дроги, објавија заедничко соопштение во кое се вели следното: „Доказите во врска со предметот на Иван Голунов не ги сметаме за веродостојни.“

Рускиот весник „Известија“: Светската Банка ги соопшти ризиците со кои што се соочува руската економија. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Касим Жомарт-Токаев претседателските избори во Казахстан ги добива со освоени 70,76 отсто од гласовите на бирачите.



Слични вести