Странски печат 30.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1210925
Странски печат 30.05.2019

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Советникот на иранскиот претседател Хасан Рухани и поранешен градоначалник на Техеран ја уби својата сопруга која ја обвини за вршење шпионажа во име на разузнавачките служби.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Американскиот претседател Доналд Трамп стана првиот странски лидер кој се состана со новиот јапонски император Нарухито.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Поранешниот министер за надворешни работи на Јордан Кемал Ебу Џабир истакна дека поканувањето на Катар на Самитот во Мека значи исповед на Саудиска Арабија за големата улога на Доха.

Германскиот весник „Весер-Куриер“: Најлош процент на освоени гласови за Демохристијаните (ЦДУ) и Социјалдемократите (СПД) на локалните избори во покраината Рајна-Палатина.

Германскиот информативен портал „N-TV.de“: Хуавеи води борба за Германија, како нејзин најзначаен пазар во Европа - Регистрирано во одделот за патентирање „Ark OS“.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Тужба од Езидите против германската влада: Германската влада не покажа заинтересираност по прашањето на предавање на германските членови на ДЕАШ кои се наоѓаат во затвор во Сирија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во Мексико се судрија патнички автобус и камион шлепер: Има најмалку 21 повредено лице.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека процесот за дијалог со опозицијата е „конструктивен“.

Еквадорскиот весник „Ел Универсо“: Синдикатите, на петтиот организиран штрајк против претседателот Маурицио Макри, повторно ја парализираа Аргентина.

Рускиот информативен портал „gazetem.ru“: Соопштено е дека советниците за национална безбедност на САД, Русија и Израел во јуни во Ерусалим (Кудс) ќе одржат троен состанок.

Еден друг руски информативен портал „turkrus.com“: Подготвена Азиско-пацифичката листа „на супер сили“, Русија не можеше да влезе меѓу првите 3.

Руската интернет страница „haberus“: Уредникот на Спутник во Литванија приведен на аеродромот.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: САД и Русија разменија мислења за планот за вадење на Сирија од изолација.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Осомничениот за нападот во Лион призна дека ја подготвил пратката со бомба.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Кина ги обвинува САД за вршење „економски терор“.



Слични вести