Странски печат 28.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1209426
Странски печат 28.05.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Израелската армија реализира напад на една воена позиција во Сирија... Има загинати и ранети.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Еден саудиски писател ги информирал властите во Ријад за активностите на убиениот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)... Убијците ги започнале подготовките уште пред 48 часа пред да го убијат Кашикчи (Кашоги), ја вклучиле фурната и запалиле некои од неговите органи.

Саудискиот весник „Ал Ријад“: Високи функционери на Саудиска Арабија одржаа состанок во рамките на подготовките за 14-тата Конференција на исламскиот самит.

Германскиот весник „Весер-Куриер“: Ембаргото на Америка доведе до колапс на иранската трговија – Германските фирми го напуштаат Иран.

Германски „Велт“: Изборите за европскиот парламент 2019: Десничарската партија АфД на пат да стане колективна партија во Источна Германија.

Германскиот весник „Берлинер Моргенпост“: Политиколозите забележуваат промена во партискиот систем во Германија и во цела Европа.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Цигарите причина за еден од 8 смртни случаи во Франција.

Француски „Ле Фигаро“: Соединување на Рено и Фиат – Министерот за финансии Ле Мер го постави условот да не биде затворена ниту една фабрика во Франција.

Францускиот весник „Ле Монд“: Објавите на интернет со терористичка содржина во 2018 година се намалија за една третина.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во позадината на посетата на шпанскиот премиер Педро Санчез што ја оствари на францускиот претседател Емануел Макрон, се наоѓа обединувањето на силите на социјалистите и либералите во Европскиот парламент (ЕП).

Шпански „Ел Мундо“: Колапс пред кој лидерот на Подемос Пабло Иглесиас остана нем: Изгубени се 860 илјади гласови и 68 автономни пратеници.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Група симпатизери на Трамп почнаа да ги градат сопствените „посебни“ ѕидови на границата со Мексико.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Киев сака Керченскиот теснец да се стекне со меѓународен статус.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Рускиот премиер Медведев говореше за можноста од проширување на Евроазиската економска унија.

Рускиот весник „Известија“: Една четвртина од Русите се обидуваат да кратат од трошоците за храна.



Слични вести