Странски печат 22.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1205870
Странски печат 22.05.2019

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ)“: Во Австрија во понеделник ќе се гласа за доверба на премиерот Курц.

Германски „zdf.de“: Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во оптег на 28 мај.

Германски „Дојче Веле“: Германците имаат најголема доверба во своите градоначалници.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: САД потврдија дека биле спречени можните ирански напади и предупредија за „висок ризик“.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Пратениците на САД очекуваат управата на Трамп да ги омекне своите реторики во врска со Иран.

Арапскиот весник „Ал Хајат“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека голема е веројатноста во позадината на последните напади на бреговите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, да стои Иран.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: И, жените го освоија Конгресот. Новиот Парламент во Шпанија стана најегалистички Парламент во Европската унија (ЕУ), жените располагаат со 47,4 отсто од 350 пратенички места.

Чилеанскиот весник „Ла Трибуна“: Турција покажува отпор против странските притисоци на кои што е подложена поради поддршката што ја дава на Николас Мадуро.

Шпанскиот весник „Ел Периодико“: Од декември досега животот го загуби петтото мигрантско дете под надзор на САД.

Францускиот весник „Ле Монд“: Британската премиерка Тереза Меј ја игра својата последна карта за спасување на Брегзит: Втор референдум.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, западнат во иранската закана.

Францускиот весник „Ла Паризиен“: Кан 2019 – Тарантино приреди сензација на црвениот тепих.

Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Украинскиот претседател Зеленски прашањето за преговори со Русија ќе го постави на референдум.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Путин со Макрон и Меркел разговараше за украинската криза.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Неутрализирани терористите кои се подготвувале за напад во градот Колчугин во Русија.



Слични вести