Странски печат 20.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1204266
Странски печат 20.05.2019

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Американскиот претседател Трамп рече дека ако Иран сака војна тоа ќе биде официјално неговиот крај.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Авганистан затворена иранска банка со образложение дека перела пари.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Обединетите Арапски Емирати ги забрзуваат своите планови за одделување на југот на Јемен.

Германскиот весник „Велт“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас поради технички проблем во авионот со кој леташе, задоцни на средбата во Бугарија.

Германски „Дојче Веле“: Отежнато патувањето за турските граѓани во земјите од Шенген зоната.  

Германскиот весник „Ѕудојче Цајтунг (SZ)“: Австрискиот премиер сака да се спаси од министерот за внатрешни работи Кикел, од Слободарската партија (ФПО).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското судство мисли дека треба да се суспендира пратеничкиот мандат на уапсените каталонски лидери, на страната за независност.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуела и Русија на состанокот на ОПЕК одлучија да ја зголемат меѓусебната соработка.

Кубанскиот весник „Гранма“: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Хавана се состана со кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел. На средбата освен билатералните односи стана збор за последната ситуација во регионот. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) ќе одржи итна седница за разгледување на прифаќањето на законот во Украина во врска со употребата на украинскиот јазик како официјален јазик во земјата.

Рускиот весник „Известија“: Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека следи остра политика кон Русија.

Рускиот информативен портал „Рамблер“: Актуелниот претседател на Украина Петро Порошенко, по полагањето заклетва на новоизбраниот претседател Владимир Зеленски што ќе се одржи денеска, би можел да оди во затвор.

Францускиот весник „Ле Монд“: Швајцарците го одобрија заострувањето на законот за оружје.

Француски „Ла Паризиен“: Денеска во Париз штрајкуваат возачите на такси возилата, амбулантните возила и автошколите.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер замина за Брегот на Слоновата Коска каде што ќе води разговори посветени на миграцијата и тероризмот.



Слични вести