Странски печат 17.05.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1203014
Странски печат 17.05.2019

Германскиот весник „Велт“: Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека по премиерската функција нема да преземе нова должност во Европската унија (ЕУ).

Германски „Дојче Веле“: Дискусија во врска со постот во училиштата во Германија.

Германскиот весник „Ѕудојче Цајтунг (SZ)“: Според едно истражување, во Германија повеќе од 8 милиони лица консумираат алкохол, од кои повеќето дури и на работно место.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во Дубаи се сруши мал авион и животот го загубија и четворицата патници.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Кувајт предупреди дека во скоро време може да избувне војна во регионот.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, притисоците на САД ги окарактеризира како „самоубиствен акт“.

Мексиканскиот весник „Ел Сол де Мексико“: Новиот имиграциски план претставен од страна на Трамп, поагресивен.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Предлогот на партијата Вокс за изградба на ѕид во градот Кеута се заканува на мнозинството гласови на Народната партија (ПП).

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Гуаидо потврди дека во Норвешка располага со свои претставници кои се во потрага по дијалог со како што рече „диктатурата на Мадуро“.

Францускиот весник „Ле Монд“: Доналд Трамп посакува имиграциски модел на како што се вели „Заслужување“.

Француски „Ла Паризиен“: Претпријатието за јавен транспорт во Париз и околината РАТП и Еирбас сакаат да стават во употреба летечки такси возила во небото над Париз.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Бившиот шеф на ЕТА Јосу Тернера, уапсен во Франција.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: САД ставија во примена низа санкции против чеченските специјални сили.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Русија ќе одговори на санкциите на САД од Законот Магнитски.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски соопшти дека ќе го распушти Парламентот, Верховната Рада.



Слични вести