Странски печат 15.05.2019
Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се водат обиди за поткопување на турско-рускиот договор за Идлиб.
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Загубите на Сирија изнесуваат 380 милијарди долари... и 93 отсто од народот живее во „сиромаштија и беда“.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во последните 72 часа загубите на Саудиска Арабија изнесуваат 31 милијарда долари.
Германскиот весник „Ѕудојче Цајтунг“: Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер засега не сака да направи промени во примената на издавање азил за Сиријците.
Германски „Дојче Веле“: Трошоците за истражување и развој на германските фирми соборија рекорд.
Германскиот информативен портал „zdf.de“: Раст од приближно 400 отсто во расистичките акции во Германија, во 2018 година.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија ја повлече својата фрегата „Мендез Нунез“ од составот на борбената група предводена од САД во Персискиот залив.
Шпански „Ел Мундо“: Полицијата и воените сили ја презедоа контролата над Парламентот во Венецуела.
Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Кинеските инвестирања во САД опаднаа за 80 отсто.
Францускиот весник „Либерасјон“: Протести од 26’тата недела: Интервенција со солзавец врз двајца припадници на жолтите елеци со инвалидски колички во градот Лил.
Француски „Ле Фигаро“: Британската премиерка Тереза Меј на почетокот на јуни ќе достави нов Договор за Брегзит.
Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: На повик на Крајсчерч, Фејсбук ја ограничува употребата на Фејсбук во живо.
Рускиот информативен портал „Хаберрус“: Помпео во Сочи разговараше со Путин: И двете страни сакаат да го започнат процесот за подобрување на односите.
Еден друг руски информативен портал „Туркрус“: Русија оди кон половина трилион долари: Резервите на Централната банка одат кон рекорд.
Рускиот информативен портал „obzor.press“: Соопштени личните податоци на познатите турски политичари и пратеници.