Странски печат 13.05.2019
Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Германскиот весник „Велт“: Германскиот индустриски гигант ТисенКруп ќе отпушти 6 илјади работници.
Германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ)“: Во првите 3 месеци од годината од Германија се депортирани 5 илјади 613 мигранти.
Германскиот информативен портал „zdf.de“: Министрите за Европска унија (ЕУ) ќе разговараат за иранскиот проблем.
Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се обијавува во Велика Британија: По изминати 30 години Оман повторно ја отвори својата амбасада во Ирак.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Тоа што западните земји презентираат став на страната на Саудиска Арабија станува причина за продолжување на војната во Јемен.
Либанскиот весник „Ал Хајат“: Бахреин ги осуди случувањата во Оманскиот залив и посака од меѓународната заедница да ја исполни својата одговорност.
Францускиот весник „Ле Паризиен“: Белгија е спремна да ја суспендира продажбата на оружје на Саудиска Арабија.
Француски „Либерасјон“: Во напад на црква во Буркина Фасо загинаа 6 лица.
Белгискиот весник „Ле Суар“: Израел по 9 дена повторно ги отвори премините за Газа.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Според една спроведена анкета, „мигрантската криза“ ги плаши повеќе Европејците отколку второто стеснување на економијата.
Аргентинскиот информативен портал „Рио Негро“: Пратеникот Хектор Оливарес кој беше ранет во вооружен напад во близина на зградата на Парламентот, го загуби животот.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Криза со Зидан во Реал Мадирд. Пораз од Реал Сосиедад од 3:1.
Руската новинска агенција „ТАСС“: Помпео ја откажа посетата на Москва.
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Србија вознемирена од односите на Западот со Русија.
Рускиот информативен портал „lenta.ru“: Уште еден случај со „Сухој Суперџет 100“ (SSJ-100): Поради технички проблем патниците беа симнати од авионот и 93'јца патници на домашна линија мораа своето патување да го продолжат со друг авион.