Странски печат 30.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1192419
Странски печат 30.04.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Главниот град на Либија, Триполи, станува сцена на улични судири.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) водат иницијативи за одделување на јужниот дел на Јемен од другите делови.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Палестинскиот претседател Махмуд Абас одби да ги земе од Израел скратените пари од данокот.

Германскиот портал „deutschlandfunk.de“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, денеска  ќе биде примен кај бразилскиот претседател Болсонаро како прв владин претставник на земјите на Европската унија (ЕУ).

Германски „Дојче Веле“: И покрај критиките германската армија им дава обука на саудиските офицери.

Германскиот портал „ard.de“: Автомобили на иднината - Возила на хидроген; Bosch им верува на горивните ќелии.

Шпански „Диарио де Силва“: Педро Санчез ќе се обиде да ја води владата самиот.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Поради страв од Русија се зголемија воените трошоци во Источна и Централна Европа.

Шпанскиот весник  „Ел Паис“: Партијата „Граѓани“ во Шпанија ги затвори вратите за Санчез, за одржување на било каква средба за негово овластување.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Швајцарија за одбраната троши колку Украина.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Лидерот на ДЕАШ по изминати 5 години се појави на видео-снимка со пропаганда.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во првиот квартал на 2019 година економскиот раст на Франција следеше стабилен тренд.

Рускиот информативен портал „ Lenta.ru“: Владимир Путин рече дека заедничкото државјанство ќе биде во полза и на рускиот и на украинскиот народ.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Од екипата на Зеленски пристигна соопштение со закана. Иван Пашин, советникот на Зеленски за безбедност и одбрана, истакна дека Киев е подготвен да „нанесе неочекуван удар“.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Руската авиокомпанија „UTair“ соопшти дека постои ризик од повлекување од пазарот. Беше соопштено дека, претрпената загуба на компанијата во 2018 година изнесува некаде околу 22 милијарди рубљи.



Слични вести