Странски печат 22.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1187728
Странски печат 22.04.2019

Германски „Дојче Веле“: Германскиот воздухопловен гигант Луфтханза, првиот квартал од годината за прв пат во последните три години го затвори со оперативна загуба.

Германскиот информативен портал „Sueddeutsche.de“: Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас ги осуди терористичките напади во Шри Ланка.

Германската телевизија „АРД“: Напад врз опозицискиот лидер; Претседателот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу беше нападнат од страна на група лица.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Затегнатост помеѓу Париз и Тел Авив поради замрзнувањето на трансферот на даночните фондови.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој исто така се објавува во Велика Британија: „Велигденските масакри“ во Шри Ланка го шокираа светот. Беа извршени 8 напади чија цел беа цркви и хотели, во кои има стотици загинати и ранети.

Истиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Откако Москва го побара пристаништето Тартус кај Дамаск владее двоумење.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: (Бившиот ЦИО на Рено-Нисан) Карлос Гош повторно изнесен пред суд во Јапонија.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Експлозии во Шри Ланка: Бројот на загинатите се зголеми на 290 лица, а 24 лица се притворени.

Швајцарскиот весник „Ле Тампс“: Претседателски избори во Украина: Актерот-комичар Владимир Зеленски победи со голема разлика.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во серијата самоубиствени напади врз цркви и хотели во Шри Ланка загинаа 290 лица, а 500 лица се ранети.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Високиот претставник на САД во Хондурас, на разговори за проблемот со миграцијата.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Папата Франциск на велигденската миса се молеше за Венецуела.

Рускиот весник „Известија“: По речиси сите изброени гласови Зеленски со освоени 73,15 отсто стана победник на изборите во Украина.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија ќе реализира извидувачки лет во воздушниот простор на САД.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Русија и Јапонија ги бараат патиштата за делување на Курислките острови во усогласеност со обостраните интереси.



Слични вести