Странски печат 16.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1184071
Странски печат 16.04.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Судан соопшти дека ќе продолжи со поддршка на коалиционите сили кои војуваат во Јемен.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Саудиска Арабија го запали фитилот на војната помеѓу ДЕАШ и Ал Каеда, трагедијата во Јемен се разгорува.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Некои претседатели на општини во Алжир се противат на одржувањето на претседателските избори.

Германската телевизија „АРД“: Депортирање од Германија - Кошмар за мигрантите.

Германски „Дојче Веле“: Спојувањето на Дојче банк и Комерцбанк - се наближува прелиминарната одлука.

Германски „Шпигел Онлајн“: Пожарот во  катедралата Нотр Дам во Париз, ставен под контрола.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министерот за трезор и финансии на Турција Берат Албајрак разговараше со Трамп за испораката на руските С-400.

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: Русија ги изнесе од Сирија посмртните останки на израелскиот агент на МОССАД Ели Кохен кој во 60'сетите години инфилтрира значајни сириски документи и кој потоа беше егзекутиран.  

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија планира да формира раскрсници со патарина. Овие раскрсници со патарина, односно наплатување, ќе помогнат за решавање на проблемот со сообраќајот во Русија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Избувна пожар во катедралата Нотр Дам, симболот на европската култура.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Еквадорскиот претседател Ленин Морено истакна дека Џулијан Асанж, амбасадата на Еквадор во Лондон ја користел како „шпиунски центар“.

Весникот „Ла Национ“ кој се објавува во Костарика: Дипломатите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на задача во амбасадата на Венецуела во Костарика, откако беа депортирани од страна на владата на Костарика ја напуштија земјата и потоа истиот ден повторно се вратија како туристи.

Францускиот весник „Ле Монд“: Нотр Дам де Пари: По долгочасовна борба пожарникарите го ставија под контрола пожарот.

Француската телевизија „Франс 24“: Емануел Макрон поради пожарот во Нотр Дам го одложи своето обраќање до нацијата.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е забележан раст од 300 отсто во случаите на мали сипаници во светот.



Слични вести