Странски печат 12.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1181949
Странски печат 12.04.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Суданскиот министер за одбрана положи заклетва како претседател на Воениот преоден совет.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Поддршката на Трамп на египетскиот претседател ел-Сиси стана причина да биде уште повеќе искомплицирана ситуацијата.

Саудискиот весник „Ал Џезира“: Саудиска Арабија одлучи да ги угости Суданците кои се дојдени за умра, се додека се нормализираат летовите за Судан.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Поранешниот претседател на Еквадор Рафаел Кореа поради апсењето на Асанж го критикуваше актуелниот претседател Ленин Морено, за кого рече: „Ти си најголемиот предавник на татковината во историјата на Еквадор и на Латинска Америка.“

Аргентинскиот весник „Ла Национ“: Засолнувањето на Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор ја чинеше оваа земја приближно 6 милиони долари.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Една третина од Шпанците стравуваат од можноста, Брегзит да ја погоди остро шпанската економија.

Германски „Дојче Веле“: Одбранбена индустрија – Продолжување со продажба на оружје на Саудиска Арабија.

Германскиот весник „Ханделсблат“: Новата фабрика на Фолксваген (VW): Големи се шансите на Бугарија и Турција.

Австрискиот весник „Куриер“: Русија сака да соработува со Турција во производството на системи на оружје.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Демонстрантите во Судан се спротивставуваат на воведениот полициски час во земјата.

Францускиот весник „Ла Паризиен“: Цените на електричната струја: Две институции испратија писмо до претседателот Макрон за поништување на поскапувањето.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Големи преговори: Премиерот Едуард Филипе не може да ги убеди Французите.

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: Основачот на Викиликс Џулијан Асанж кој беше уапсен во Лондон, не ќе може да добие поголема поддршка од својата татковина Австралија.

Рускиот весник „Известија“: Во Соединетите Американски Држави (САД) упатен повик за преиспитување на односите со Русија.

Руската новинска агенција “ТАСС“: Русија својот прв подводен дрон „Посејдон“ ќе го спушти во морето на 23 април.



Слични вести