Странски печат 10.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1180363
Странски печат 10.04.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Палестина ги критикуваше изборните резултати во Израел и истите ги окарактеризира како „негирање на мирот“.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Вашингтон му се закани на Каиро дека доколку купи руски воени авиони ќе биде подложен на санкции.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Египетскиот претседател Сиси разговараше со американскиот претседател Трамп за случувањата на Блискиот исток.

Германски „Дојче Веле“: Странските верски личности – Ислам според муслиманите во Германија.

Германскиот информативен портал „Т-Онлајн“: Средба со Путин - Ердоган не признава притисок по прашањето на договорот за оружје со Русија.

Германското списание „Стерн“: Тереза Меј бара поддршка од Меркел.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во 2018 година во Франција дојдоа рекорден број туристи.

Француски „Ле Паризиен“: Топењето на ледниците побрзо го покачува нивото на водата во морињата.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Се намалуваат егзекуциите во светот, освен оние во Кина.

Венецуелската телевизија „Телесур“: Ево Моралес отпатува за Турција за зајакнување на односите кои што се потпираат на соработката.

Шпанскиот весник „Ел Комерцио“: Новиот прекин на електричната струја ги остави без осветлување главниот град Каракас и голем број провинции во Венецуела.

Боливискиот весник „Опинион“: Ево Моралес најави дека ќе биде отворена амбасада во Турција и дека планираат да склучат зделки во износ од 500 милиони долари.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Голанските висорамнини и полуостровот Крим се многу различни прашања едно од друго.

Рускиот весник „Комерсант“: Индија би можела да купи од Русија уште стотина тенкови Т-90.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Касперски откри политички кибер шпиунски план на Блискиот исток.



Слични вести