Странски печат 02.04.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1175334
Странски печат 02.04.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Ирачкиот претседател Салих изјави за „Ал Шарк Ал Авсат“ дека неговата земја нема да стане центар за наштетување на соседите.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Саудискиот престолонаследник Бин Салман ја ослабе својата земја и доби голем број непријатели.

Саудискиот весник „ Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Израел подготвил долгорочен план за изградба на голем број населби на Голанските висорамнини.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел и неговиот американски колега Мајк Помпео разговараа за влијанието на санкциите кои што ги спроведува Америка кон Венецуела, на Шпанија.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Врховниот суд на Венецуела побара да се укине имунитетот на Хуан Гуаидо.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон го критикуваше тоа што групите приврзаници на Чавез за време на протестот во недела, отворија оган врз опозиционерите.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Саудиска Арабија им плати отштета на децата на убиениот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Францускиот весник „Либерасјон“: Алжир: Бутефлика ја напушта сцената.

Францускиот весник „Ла Паризиен“: Венецуела: Врховниот суд бара да се укине имунитетот на Хуан Гуаидо.

Германската телевизија „АРД“: Германија го презеде претседателствувањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) – Стана надлежна по прашањата на светскиот мир и безбедноста.

Германски „Весер Куриер“: Министерката за правда Барлеј ќе обезбеди олеснувања по прашањето на станиците за полнење за е-возилата (електричните возила).

Германскиот портал „Шпигел Онлајн“: Ризичниот авион 737 Макс – Доцне Software-Update (ажурирањето на софтверот) на Боинг.

Рускиот весник „Известија“: На претседателските избори во Украина Владимир Зеленски и Петро Порошенко ќе продолжат да се натпреваруваат во вториот круг.

Рускиот информативен портал „Mail.ru“: Руското министерство за финансии се подготвува да додаде 5 нови видови даноци на законот за данок.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Русија и Кина почнаа да ги поставуваат пругите на железничкиот мост што ќе поминува над реката Амур и ќе ги поврзува двете земји.



Слични вести