Странски печат 29.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1172925
Странски печат 29.03.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Иран се бори против катастрофата од поплави, под сенката на забраната за емитување.

Бахреинскиот весник „Ахбар Ал Калиџ“: Претседателот на Парламентот: Иранскиот тероризам стана елемент на закана за безбедноста и мирот во регионот и светот.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Во областа помеѓу Израел и Појасот Газа под блокада, во последната една година се убиени приближно 40 палестински деца.

Германскиот портал „Меркур.де“: Ердоган сака Ајасофија да ја претвори во џамија.

Германската телевизија „АРД“: Продажба на оружје на Саудиска Арабија – Федералната влада го продолжува ембаргото за продажба на оружје.

Германски „Шпигел Онлајн“: Соединетите Американски Држави (САД) извезуваат нуклеарна технологија во Саудиска Арабија.

Францускиот весник „Ле Монд“: Обединетите нации (ОН) апелираа да се преземат строги мерки против финансирањето на тероризмот.

Француски „Ле Фигаро“: Франција не знае за судбината на 200 до 300 (француски) деца во Ирак и во Сирија.

Францускиот весник „Либерасјон“: Во 2018 година се согледува забележлив пораст во бројот на извршените самоубиства во затворите во Франција.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Режимот на Мадуро му забрани на Гуаидо 15 години да извршува јавни функции.

Шпански „Ел Мундо“: Шпанскиот министер за надворешни работи се изнервира на поставеното прашање за Каталонија и го напушти интервјуто.

Шпанската радио и телевизија „Ртве.ес“: Нивото и температурата на морињата на рекордно ниво, поради глобалното затоплување.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Бразил упати повик до Русија да ги повлече своите војници од Венецуела.

Рускиот весник „Известија“: Американскиот државен секретаријат соопшти дека против Русија се води најострата политика во последните 30 години.

Руската информативна агенција „ТАСС“: Почнувајќи од петокот стапија во сила два закони за блокирање на интернет материјалите кои што содржат лажни вести и навреда против државните симболи и институции на Руската Федерација.



Слични вести