Странски печат 28.03.2019

Еве некои позначајни наслови за кои известуваат странските средства за информирање

1172359
Странски печат 28.03.2019

Саудискиот весник „Ал шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Британија истакнува дека СБ на ОН свика вонредна седница на која ќе се разгледа прашањето во врска со Голанската висорамнина.

Бахреинскиот весник „Ахбар ал-Калиж“ истакнува дека Фејсбук ги бриши стотиците лажни профили на Иранците.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“ го објавува соопштението на ЕУ во кое беше истакнато дека Голанската висорамнина не припаѓа на Израел.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека Трамп на приемот на сопругата на Гуаидо рече дека сеуште на маса се наоѓа опцијата за воена интервенција на Венецуела.

Шпанската новинска агенција „ЕФЕ“ истакнува дека британската премиерка Меј наспроти усвојувањето на Брегзит ја нуди својата глава.

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“ истакнува дека во несреќата на едно тешко возило во која загинаа 30 лица, во Гуатемала беше прогласена тридневна жалост.

Германското радио „СВР радио 3“ истакнува дека Европејците се против раното будење на лето и раното будење на зима односно летното сметање на времето.

Германскиот весник „Весер Куриер“ истакнува дека Европскиот парламент усвои одлука со која се заоструваат мерките за климатските уреди во возилата.

Германски ТВ-канал „АРД“ истакнува дека САД на седницата за Голанската висорамнина во СБ на ОН беа изолирани.

Рускиот новински веб-сајт „Туркрус“ ја објавува изјавата на Трамп кој рече дека руските војници треба да си одат од Венецуела, на што Русија одговори дека претходно САД нека излезе од Сирија.

Руската новинска агенција „ИНТЕРФАКС“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин отпатувал во посета на Киргистан.

Руската новинска агенција „ТАСС“ ја објавува изјавата на рускиот министер за енергетика Новак кој рече дека наскоро ќе оствари средба со венецуелскиот колега.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека САД на седницата за Голанската висорамнина на СБ на ОН остана сама.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ го поставува прашањето „Макрон и екологијата, што е проблемот?“.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека една четвртина од училиштата во Париз се изложени на загрижувачко ниво на загаденост на воздухот.



Слични вести