Странски печат 27.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1171364
Странски печат 27.03.2019

Германски „Дојче Веле“: Обединетите нации (ОН) – Европејците во Обединетите нации (ОН) се против одлуката за Голанските висорамнини.

Германски „Шпигел Онлајн“: Вести од медијата: Министерството за правда се противи на плановите за надзор на децата.

Германското списание „Стерн“: Истражување – Речиси сите од имамите (оџите) во Германија доаѓаат од странство.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Англија: Четири европски земји во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ја отфрлија одлуката на САД во врска со Голанските висорамнини.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Англија: Во Египет во списокот за „тероризам“ се внесени 145 лица, меѓу кои и двајца новинари.

Истиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Илхан Омар: Да видиме кој, како ќе го смета за одговорен сенаторот кој ги повтори зборовите на Хитлер, во Претставничкиот дом на САД?.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Алжир: Началникот на генералштабот бара претседателот Бутефлика да сооопшти дека не може да управува со земјата.

Француски „Ле Монд“: Сирија побара итна седница од Советот за безбедност.

Францускиот весник „Либерасјон“: Романија соопшти зошто ја пренесе својата амбасада во Ерусалим.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Издадена меѓународна потерница за трагање и апсење на две лица, за кои е утврдено дека се вмешани во упадот на амбасадата на Северна Кореја во Мадрид, во Шпанија, на 22 февруари и кои избегале во САД.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро по повторно доживеаниот прекин на електричната струја рече: „Венецуела нема да потклекне пред никоја сила.“

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Поранешниот претседател на Колумбија Хуан Мануел Сантос рече: „Евентуалната воена интервенција на Венецуела, би била најголемата од можните грешки.“

Рускиот весник „Комерсант“: Рускиот вицепремиер Дмитриј Козак изјави дека Форд би можел да остане во Русија само во сегментот на лесни комерцијални возила.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) врши пребарувања во домовите на поддржувачите на терористичката организација „Хизб-ут Тахрир“ на Крим.

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: Соопштени деталите за смртта на руските офицери во Сирија.



Слични вести