Странски печат 25.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1169851
Странски печат 25.03.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја погоди економијата на Саудиска Арабија.

Либанскиот весник „Ел Хајат“: Египетските поморски сили ќе реализираат заеднички воени вежби со француските поморски сили.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Англија: Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп денеска ќе го потпише документот во врска со Голанските висорамнини.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне“: Од Ердоган до провокаторите со девизи: Ердоган рече дека оние кои реализираат „провокативни“ активности за поскапување на доларот и еврото ќе платат „многу голема“ сметка за тоа.

Германскиот весник „Весер Куриер“: Натпревар за квалификациите за Европското фудбалско првенство за 2020: Почеток како сон – Германската репрезентација извојува голема победа против Холандија.

Германски „Дојче Веле“: Национал социјализмот – Нацистичкото минато му создава проблем на германското семејство милијардер Реиман.

Рускиот информативен портал „РБК“: Локалниот печат ја објасни причината за заминување на руските војници во Венецуела.

Веб страницата на телевизискиот канал „Раша Тудеј“: Во украинскиот Парламент соопштен евентуалниот биланс што ќе се појави доколку земјата се откаже од рускиот природен гас.

Yandex.news“, ослонувајќи се на британската новинска агенција „Ројтерс“, соопшти дека како што изјавил специјалниот јавен обвинител на САД Роберт Милер, не пронашол наоди за соработка меѓу Трамп и Русија за време на претседателските избори во САД во 2016 година.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“:Претседателот на Кина, како земја која истовремено е и сојузник и конкурент, престојува во официјална посета на Франција.

Францускиот весник „Ле Фигаро“:Брегзит: Тереза Меј под закана од државен удар од страна на сопствените министри.

Францускиот весник „Ле Монд“:Нов Зеланд започна истрага за да открие како се случил нападот во Крјастчерч.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Шпанскиот пожарникар би можел да добие затворска казна од 20 години поради тоа што ги спаси мигрантите.

Шпански „Ел Мундо“:Посетата на шпанскиот крал на Аргентина започна со проблеми: Чекаше еден час во авионот.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“:Хуан Гуаидо, тврдењата во однос на тоа дека спремал план за убивање на Мадуро, ги оцени за „лажни“.



Слични вести