Странски печат 21.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1167707
Странски печат 21.03.2019

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Израел ги обучува командантите на Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Либанскиот весник „Ел Хајат“: Пред изборите во Израел, американскиот државен секретар престојува во посета на регионот на Блискиот исток, во име на зајакнување на напорите кои што се водат против Иран.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Саудиска Арабија тајно ги следи саудиските студенти во странство.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: 120 затвореници на ЕТА се обратија до судот за да бидат пренесени во затворите во Баскија.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро истакна дека амеирканската управа држи во заложништво 5 милијарди долари на Венецуела.

Перуанскиот весник „Ел Комерцио“: Николас Мадуро соопшти дека Русија наредната недела ќе испрати помош во лекови, на неговата земја.

Германскиот портал „Цајт Онлајн“: Нападот во Крајстчерч - Нов Зеланд го забрани автоматското оружје.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне“: Кавгата заврши - Газдите на автомобили се договорија по прашањето на стратегијата за електрични возила. 

Германската телевизија „АРД“: Законот за заштита на Уставот - Министерството ќе го олесни надзорот.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: По нападот во Крајстчерч Нов Зеланд ќе ги забрани пушките.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Жолтите елеци истакнаа дека партиските лидери размислуваат различно по прашањето на стапувањето во акција на армијата. 

Францускиот весник „Ле Монд“: Брегзит - Брисел и Лондон веќе играат опасна игра.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија и Кина ги соединија деловите на железничкиот мост кој што поминува над реката Амур.

Рускиот весник „АИФ“: Претседателот на украинската компанија за природен гас Нафтогас изјави дека руската компанија Гаспром почнувајќи од 2020 година ќе го сопре трансферот на природен гас преку Украина.

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: Украина донесе одлука за воведување на санкции врз стотици руски граѓани.



Слични вести