Странски печат 11.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1160755
Странски печат 11.03.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија, го цитира британскиот весник „Сандеј Тајмс“ кој пишува дека Катар за Светскиот куп и платил тајно на ФИФА 880 милиони долари.

Либанскиот весник „Ел Хајат“: Купувањето на С-400 од страна на Турција нема врска со безбедноста на САД.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Саудиска Арабија најголем купувач на оружје во светот.

Германски „Дојче Веле“: Извештајот „SIRPI“ - Германија четврти најголем произведувач на оружје.

Германскиот портал „Шпигел Онлајн“: Дискусии околу премиерската функција - Конзервативците од Партијата на Унијата ја бараат оставката на Меркел. 

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Авионската несреќа во Етиопија - Кина не го дозволува полетувањето на авионите од типот „Боинг 737 Макс 8“. 

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: Германија, раскажа за Русија која е напуштена од страна на Европа.

Рускиот весник „Известија“: Новите ракетни системи „Бук-М3“ ќе бидат испратени во Сибир.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Меѓународниот институт за мир во Стокхолм: САД и Русија го зачувуваат водството на списокот на најголеми извозници на оружје во светот.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Мароканските земјоделски работници ги обвинуваат француските работодавци за „ропство“.

Француски „Ле Монд“: Жолтите елеци соопштуваат дека во Куимпер е снимен моментот кога еден демонстрант е удиран безброј пати со пендрек.

Францускиот весник „Либерасјон: Алжир: Армијата се соочува со историски избор.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Товарот на британски Брегзит врз шпанската индустрија ќе изнесува годишно 2 милијарди 600 милиони евра.

Шпански „Ел Паис“: Кризата со прекинот на електричната стрија претставува доказ за празнина во власта во Венецуела. Гуаидо побара од Мадуро да објави соопштение по тридневниот прекин на електричната струја. 

Аргентинскиот весник „Кларин“: Доналд Трамп инсистира по прашањето на изградба на ѕидот со Мексико, меѓутоа Демократите се закануваат со затворање на федералната владата.  



Слични вести