Странски печат 07.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1158612
Странски печат 07.03.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Велика Британија: Во последната тврдина на ДЕАШ во источниот дел на Сирија се шири мирис на мртви тела, а оние кои се заглавени се принудени да јадат трева за да опстанат во живот.

Либанскиот весник „Ел Мустакбал“: Претседателот Ердоган инсистира во купувањето на ракетите С-400... Ердоган: Нема да се фрли чекор назад по ова прашање.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Додека Катар ја зацврстува својата позиција во светот, земјите кои ја опколуваат Доха се тресат.

Германски „Виртшафтсвоч“: Турција - Ердоган сака да ја намали инфлацијата на 6 или 7 отсто.

Германски „Дојче Веле“: Дипломатија: Венецуела го протерува германскиот амбасадор.

Германската телевизија „АРД“: Воени злосторници меѓу бегалците - Не е поведена постапка во врска со доставени илјадници информации со предупредување.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Мадуро го избрка германскиот амбасадор и стана причина за затегнување на односите со Европа.

Шпански „Ел Мундо“: Според едно спроведено истражување во автономната област Баскија, е евидентиран пораст од 28,7 отсто во кривичните дела за физички и сексуален напад врз жените.  

Шпанскиот весник „Ел Кларин“: По пораката што ја објави бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во врска со карневалот во земјата која што стана причина за полемика, бразилската влада соопшти дека претседателот немал намера да го критикува карневалот. 

Француски „Франс 24“: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан: Треба да се чека да профункционира изборниот процес во Алжир.

Францускиот весник „Ле Монд“: Кинескиот технолошки гигант Хуавеи покрена тужба против американската влада.

Францускиот весник „Либерасјон“: Канада: На Џастин Трудо му се заканува политичка бура.

Рускиот весник „Известија“: Руското министерство за надворешни работи го објави видеото како руски џет Су-27 почнува да следи над Балтичкото Море американски извидувачки авион РЦ-135.

Рускиот весник „Независимаја Газета“: Лавров: Руската Федерација го задржува своето право да даде симетричен одговор на распоредувањето на американски ракети на било кое место во светот.  

Рускиот информативен портал „Лента.ру“: САД го поддржаа ставот на Белорусија по прашањето на Крим. Американскиот Претставнички Дом го оцени за позитивно тоа што Белорусија не ја признава власта на Русија на Крим.



Слични вести