Странски печат 05.03.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1157031
Странски печат 05.03.2019

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Англија: САД, го затворија својот конзулат во Ерусалим и го споија со амбасадата.

Либанскиот весник „Ел Хајат“: Саудискиот министер за надворешни работи изјави дека Канада не го поништила договорот за оружје.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Властите во Ријад го укинаа емитувањето на една програма во која се раскажува за пребегнатите саудиски жени.

Германски „Дојче Веле“: Европската унија (ЕУ) - Макрон инсистира на акциониот план за реформа во ЕУ.

Германски „Дојче Веле“: Поддршка за економијата - Истражување: Без странците не е можен економски развој во Истокот.

Германски „Шпигел Онлајн“: Кина - економијата расте бавно, воените трошоци сериозно растат.

Францускиот весник „Ле Монд“: Макрон повторно сака да стане лидер по кого копнее Европската унија (ЕУ).

Француски „Ле Фигаро“: Во Алжир се повлекуваат од изборната трка другите кандидати, пред кандидатурата на претседателот Бутефлика кој се нарекува „невидлив“. 

Францускиот весник „Либерасјон“: Хуан Гуаидо се врати во Венецуела, Николас Мадуро затечен неподготвен.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Гуаидо со враќање во Венецуела, повторно го заживува притисокот врз Маудор.

Шпански „Ла Вангардија“: Гуаидо се врати во Венецуела и го предизвикува Мадуро: „Продолжуваме на улица.“

Шпанскиот весник „АБЦ“: Каталонија ќе ги контролира цените за кирија и ќе ги продолжи до 10 години.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Американскиот државен секретаријат сооопшти дека САД се спремни за разговори со Русија за контролата на оружјето, но под одредени услови.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија евидентира 3 милиони сајбер напади од САД врз своите IP адреси.

Рускиот весник „Известија“: За прв пат во историјата еден човек целосно се спаси од вирусот ХИВ кој што предизвикува СИДА. 

 



Слични вести