Странски печат 25.02.2019
Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Самитот Шарм ел-Шеик заврши со отворање на каналот за дијалог меѓу Арапите и Европејците.
Кувајтскиот весник „Ел Ватан“: Арапско-европскиот самит е на страната на спротивставување на интервенциите од Иран и изнаоѓање политичко решение за Јемен.
Либанскиот весник „Ел Хајат“: Москва, предложи во тампон зоната помеѓу Турција и Сирија да бидат распоредени сили на руската воена полиција.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Хуан Гуаидо на денешниот состанок на Групата Лима ќе побара меѓународна помош за соборување на претседателот Николас Мадуро, со воена интервенција.
Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик по секоја цена да се избегнува од насилство во Венецуела.
Перуанскиот весник „Ел Комерцио“: Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон на 91’вите Оскар награди со филмот „Рома“ ја доби наградата за „најдобар режисер“.
Германски „Дојче Веле“: Историски самит: Европската унија (ЕУ) и Арапската лига (АЛ) се обидуваат да се зближат.
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне“: Трговско надоразбирање – Кина се надева на пазарување со Америка.
Германската телевизија „АРД“: Состанокот во Рим: Загрозените западнаа во разочараност поради конференцијата во Ватикан.
Францускиот интернет портал „Франс 24“: Трговска воја: Трамп ги одложи дополнителните даноци кои што ќе бидат применувани за производите увезени од Кина.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: Затворањето на фабриката „Форд Бланкуефорт“: За последна шанса ќе се одржи состанок во министерството за економија.
Француски „Ле Монд“: Филмовите „Рома“ и „Зелената книга“ се вратија со бројни награди од церемонијата на Оскар наградите.
Рускиот весник „Комерсант“: Медијата: САД сакаат повторно да ја отворат линијата за сајбер безбедност со Русија.
Руски „Известија“: Лавров, рече дека САД водат консултации со Русија во врска со Северна Кореја.
Рускиот портал „Lenta.ru“: Во руската економија се предвидува остар раст.