Странски печат 15.02.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1145845
Странски печат 15.02.2019

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Премиерот Педро Санчез, денеска ќе го соопшти датумот на предвремените избори.

Еден друг шпански весник „Ла Вангардија“: Согласно договорите што ги постигна Венецуела со Куба и Кина, пристигна во земјата набавена помош во износ од 933 тони.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Врховниот суд за правда на Венецуела ја оцени за неважечка одлуката на националната нафтена компанија „ПДВСА“ за назначување на нов раководител.

Саудискиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Англија: Потпретседателот на САД Мајк Пенс: Иран претставува најголема закана за мирот и безбедноста на Блискиот исток.

Кувајтскиот весник „Ел Ватан“: Во две експлозии во Јордан загинаа три лица, а 8 лица се ранети.

Либанскиот весник „Ел Хајат“: Принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед Бин Салман ќе излезе на турнеја по Азија со која ќе бидат опфатени Пакистан, Индија, Кина, Малезија и Индонезија.

Германската телевизија „АРД“:  Извештајот Спаси ги децата (Save the Children): Едно од секои 5 деца живее во кризен регион.

Германски „Дојче Веле“: Блискоисточната конференција – Нови сојузи против Иран.

Германскиот весник „Билд“: Измените во социјалните политики на Социјалдемократската партија (СПД) и донесоа гласови на партијата.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Во земјите кои војуваат, повеќе од борци, умираат деца.

Францускиот весник „Либерасјон“: Владата ги соопшти деталите на планот подготвен против објавите со омраза кои што се споделуваат на интернет.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: 14 политички партии упатија повик за спротивставување на антиеврејството.

Рускиот весник „Известија“: Сенатот на САД ги омекна можните санкциите против руските банки.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Рускиот министер за здравство соопшти кога Русите ќе го остават алкохолот. Резултатите од државните програми за општествено здравје ќе бидат објавени во рок од 3 до 5 години. Според рускиот министер за здравство, без оглед на тоа какви ограничувања ќе бидат воведени, нема да се промени ништо со додека не се стави крај на зависноста на луѓето од алкохол, а тоа би можело да се оствари доколку луѓето бидат задоволни од својата работа и можат да гледаат оптимистички кон иднината.

Рускиот информативен портал „Лента“: Следното сценарио за Мајдан (името на плоштадот каде што се реализира украинската револуција) би можело да се оствари од страна на Западот, во Москва. Тврдењето му припаѓа на секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.



Слични вести