Странски печат

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1144182
Странски печат

Саудискиот весник кој се објавува во Англија „Ал Шарк Ал Авсат“: Вршителот на должноста секретар за одбрана на САД Патрик Шанахан престојуваше во ненадејна посета на Багдад, со цел да ги елиминира стравовите во врска со присуството на САД во Ирак.

Либанскиот весник „Ел Мустакбал“: Турција на 22 февруари ќе биде домаќин на разговорите помеѓу Русија и САД во врска со Авганистан.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар соопшти дека го поддржува дијалогот меѓу Иран и регионалните земји.

Германскиот интернет портал „Т-Онлајн“: Обидот за државен удар во Турција - Се трага по повеќе од илјада приврзаници на Ѓулен.

Германски „Дојче Веле“: Дипломатски односи - Новиот амбасадор на Саудиска Арабија во Германија, тема на дискусија.

Германската телевизија „АРД“: Европската унија (ЕУ) на пат на постигнување компромис во дискусијата за гасоводот Северен тек 2.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Жолтите елеци: Поранешниот боксер Кристоф Детингер кој истепа двајца полицајци изнесен пред суд.

Француската телевизија „Франс 24“: Поради штрајкот во Белгија ниту еден авион не полетува или слетува во оваа земја.

Францускиот весник „Ле Монд“: Цената на жолтите елеци за француските еснафи е многу тешка.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Чапо (Хоакин Гусман) во судскиот процес за криумчарење на дрога поради што му се судеше во САД, е прогласен за виновен. Казната на Гусман засега не е соопштена, меѓутоа пресудата би можела да значи доживотна затворска казна.  

Еден друг шпански весник „Ел Мундо“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро: Венецуела не е земја каде што постои глад. Располагаме со големи извори на прехранбени производи кои што се одгледуваат во нашата земја.“

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Во повеќе од 30 шумски пожари кои што се појавија во Чиле животот го загубија 2 лица, 8 лица беа повредени и 32 домови се оштетени.

Рускиот весник „Комерсант“: На аеродромите во Москва поради силните врнежи од снег се одложени или откажани повеќе од 40 летови.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Британското министерство за надворешни работи потврди дека со Европската унија (ЕУ) се разговара за нови санкции против Русија.

Рускиот весник „Известија“: Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, новите санкции на западот ги окарактеризира како опсесија.



Слични вести