Странски печат 06.02.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1139949
Странски печат 06.02.2019

Саудискиот весник кој се објавува во Англија „Ал Шарк Ал Авсат“: Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува Иран поради тоа што располага со радикален „систем“ и дава поддршка на тероризмот.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Вчера во Кувајт се одржа Катарско-кувајтскиот самит, со цел зајакнување на бртаските односи.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Одекот на одлуката на Трамп за повлекување од Сирија се најде на дневниот ред на првиот состанок на меѓународната коалиција.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: На анкетата за популарност спроведена од страна на Ifop-Fiducial, Макрон повторно се искачи за 6 поени (34 отсто).

Еден друг француски весник „Либерасјон“: Вицепремиерот на Италија дојде во Париз и се состана со жолтите елеци.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Париз: Еден стан продаден за 39 милиони евра, тоа претставува рекорд.

Швајцарскиот весник „Ное Џирхер Цајтунг“: Турција и Грција посакуваат да го надминат јаловите недоразбирања создадени од меѓусебните кризи.

Германската телевизија „АРД“: Католичката црква: Свештениците сексуално ги малтретираа и калуѓерките.

Венецуелската телевизија „ТелеСУР“: Претседателот Мадуро: Во Венецуела нема да има и војна и воена интервенција.

Шпанскиот весник „АБЦ“: Папата Франциско е спремен да посредува во Венецуела, „доколку тоа го бараат и двете страни“.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Таксистите во Мадрид без да ја постигнат својата цел одлучија да го откажат штрајкот на неопределено време.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Грција сака да се приклучи кон гасоводот Турски тек.

Рускиот информативен портал „Вести“: Медведев го иззеде од должност претседателот на Федералната агенција за туризам.

Рускиот информативен портал „gazetem.ru“: Руското министерство за надворешни работи го обвини американскиот амбасадор во Германија за прекршување на рамката на утчивост, а поради тоа што испратил писмо до германските фирми кое што содржело „закана“ со спроведување на санкции во врска со гасоводниот проект „Севрен тек 2“.  

 

 



Слични вести