Странски печат 05.02.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1138891
Странски печат 05.02.2019

Саудискиот весник кој се објавува во Англија „Ал Шарк Ал Авсат“:Неџип Ебу Кејле Катан од палестинско потекло, стана нов претседател на централноамериканската држава Ел Салвадор.

Весникот на Обединетите Арапски Емирати „Ал Емарат Ал Јаум“: Двајца помошници на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), емирот на Дубаи и емирот на Абу даби се состанаа со Папата кој допатува во посета на оваа земја.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Направената измена во Уставот на Египет се однесува и на начинот на назначување на министерот за одбрана.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Поддршката на Европа на Гуаидо го остави Мадуро во дипломатска неизвесност.

Еден друг шпоански весник „Ел Паис“: Опозицијата во Венецуела со помош на владите на САД и Колумбија сака да ги подели вооружените сили.

Аргентинскиот весник „Ел Кларин“: Хуан Гуаидо кој себе си се прогласи за привремен претседател, соопшти дека ќе одржат демонстрации за да се дозволи влез на хуманитарната помош во земјата.

Руската новинска агенција „ТАСС“: (Украинскиот претседател Петро) Порошенко рече дека рускиот претставник на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) нема да биде примен во земјата како посматрач за време на претстојните претседателски избори во Украина.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: САД ја обвинија Русија за непочитување на нормите на Светската трговска организација.

Рускиот весниик „Известија“: Самитот Русија-Турција-Иран посветен на Сирија ќе се одржи на 14 февруари во Сочи.

Германската телевизија „АРД“: Добиено ново писмо со закана против Седа Башај-Јилдиз, едната од адвокатките на тужителите во судскиот процес против против подземната национал-социјалистичка терористичка организација (НСУ).Главното јавно обвинителство на Франкфурт го потврди испратеното писмо со закана. Според објавените вести во печатот, писмото со закана овојпат било испратено директно до полицијата.

Германски „Дојче Веле“: Расте отпорот против гасоводниот проект Северен тек 2 (Nord Stream 2). Одлуката во врска со гасоводот кој што ќе се протега од Русија до Европа ќе биде донесена за кусо време. Полска, Украина и САД се загрижени во однос на тоа дека овој проект ќе ја направија Германија позависна од Русија.

Интернет страницата на германскиот портал „Шпигел Онлајн“: Меркел во Токио - Меркел ја посети Јапонија 5 пати, а Кина 11 пати. Ангела Меркел разговара со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Едната од заедничките страни на двајцата премиери се и нивните недостатоци. Средбата Меркел-Абе е од симболично значење, но се следи со внимателност од страна на Кина.

Францускиот весник „Ле Монд“: Зошто Европејците ги следат чекорите на Доналд Трамп, во Венецуела? 

Еден друг француски весник „Ле Фигаро“: Во пожарот што се појави во една зграда во Париз животот го загубија 7 лица, а едно лице е тешко повредено.

Францускиот весник „Либерасјон“: Податоците за случаите на самоубиство во Франција за жал се уште се високи.

 

 



Слични вести