Странски печат 25.01.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1132869
Странски печат 25.01.2019

Египетскиот весник „Ал Ахрам“: Египет ја слави 8 годишнината од револуцијата на 25 јануари кога беше соборен Хосни Мубарак.

Куватскиот весник „Ал Ватан“: Хаосот во Венецуела стана причина за зголемување на цената на американската нафта за 1 отсто.

Либанскиот весник „Ал Хајат: Египет за отплата на својот долг оваа година ќе им исплати 8,5 милијарди долари на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.

Германскиот интернер портал „Шпигел онлајн“: Затајувањето на данок во Европската унија причинува штета за земјите членки на Унијата во износ од 825 милијарди евра годишно. Според едно истражување, затајувањето данок во земјите на ЕУ се наоѓа на неверојатни димензии. Социјалдемократите со план составен од 5 члена ќе се обидат да го спречат тоа.

Австрискиот интернет портал ORF.at: Ердоган: Немаме никаква намера за окупација на Сирија. Претседателот Реџеп Тајјип Ердопган истакна дека неговата земја нема никаква намера за окупација на Сирија и рече: „Нам ни се доволни овие 780 илјади квадратни километри татковински територии“.

Германскиот интернет портал Zeit.de: САД делумно ги повлекува своите дипломати од Венецуела. Поради присутната криза во Венецуела, управата на САД им препорачува на своите граѓани да ја напуштат оваа земја. Вашингтон воедно го намали и бројот на својот персонал во амбасадата.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Венецуела: Мадуро кој е поддржуван од армијата остро се спротивстави на САД.

Француски „Ле Монд“: Повлекувањето на француската армија од Ирак и Сирија се гледа покомплицирано од она што се предвидува.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Трамп уште од почетокот цели кон промена на режимот во Венецуела.

Рускиот весник „Известија“: Украина се надева дека Русија ќе мора да го потпише договорот за транзитно испорачување на гасот. (Поради тоа што не ќе може да друг начин да испорачува гас за Европа се додека биде ставен во примена проектот на гасоводот Северен тек 2).

Руската новинска агенција Риа Новости: Крим ги одби барањата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во врска со Керченскиот теснец. (Инаку Парламентарното Собрание на Советот на Европа побара да бидат ослободени уапсените украински војници.)

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Експерти ќе стават во примена две епрувети, т.ј. цевки за спасување на двегодишното дете кое со денови се наоѓа заглавено во еден бунар.

Шпански „Ел Мундо“: Генералниот секретар за меѓународни прашања на шпанската влада Хозе Мануел Албарес изјави дека она што е неопходно за решавање на кризата во Венецуела е да се одржат демократски и транспарентни избори.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Откако Гуаидо себе си се прогласи за привремен претсеадтел, Русија продолжи да го поддржува Мадуро, а САД го поддржуваат Гуаидо.

 



Слични вести