Странски печат 23.01.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

1131270
Странски печат 23.01.2019

Саудискиот весник кој се објавува во Велика Британија „Ал Шарк Ал Авсат“: Саудиска Арабија соопшти дека остро се противи на политиката што ја следи Израел кон палестинскиот народ и побара од Советот за безбедност да интервенира за стопирање на изградбата на нови еврејски населби.

Египетскиот весник „Ал Ахрам“: Египет се подготвува во соработка со Европската банка да реализира инвестирања на африканскиот континент.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Саудиска Арабија планира да реализира инвестиции во Јужна Африка во износ од 10 милијарди долари. Меѓу инвестициите се наоѓа изградба на нафтени рафинерии.

Германскиот весник „Билд“: Буџетската криза во САД во значајна мера влијае и на вработените на ФБИ. Овој германски весник пишува дека Федералното истражно биро ФБИ не може да им плаќа ниту на преведувачите и информаторите.

Германскиот информативен портал „Тагесшау“: Ердоган и Путин: Повеќе од стратешки партнери. Овој германски портал пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе остварат средба на која ќе разговараат за прашањето со Сирија.

Германски „Дојче Веле“: Како што се дознава повеќе од 1500 учесници кои заминаа за Давос во ова мало швајцарско градче пристигнале со приватни џетови. За учество на самитот на чиј дневен ред се наоѓаат климатските промени беше избрано транспортно возило кое што предизвикува најголема штета за животната средина.   

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министрите за надворешни работи на Русија и Турција, разговараа во предвечерието на посетата на Ердоган на Русија.

Руската новинска агенција „Риа Новости“: Генералниот секретар на јапонската влада Јосихиде Суга изјави дека остварената средба помеѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе во Москва, резултира позитивно.

Рускиот весник „Известија“: Киднапирање авион за Авганистан: Жителот на градот Сургут , само со еден мобилен телефон, киднапира патнички авион.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Филмот „Рим“ номиниран за Оскар во 10 гранки. За прв пат еден филм на шпански јазик е номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм.

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: Бројот на загинатите во експлозијата на гориво во Тлахуелилпан се искачи на 98 лица.

Венецуелскиот весник „Ултимас Нотициас“: Венецуелската влада одлучи да го преразгледа од глава до петици своите односи со САД.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Врнежи од снег во Франција: Ограничување на сообраќајот во северниот дел на земјата и во Париз и околината.

Еден друг француски весник „Либерасјон“: Закон ‘против оние кои кршат и создаваат нереди’: Владата со затворени очи оди кон забрана за протести.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Пуштен на слобода американскиот пејач Крис Браун кој беше притворен под сомневање за силување.



Слични вести