Странски печат 21.01.2019

Еве неколку од денешните наслови во странските средства за информирање...

1129653
Странски печат 21.01.2019

Францускиот весник „Ле Фигаро“: (Претседателот) Макрон за фалење на своите реформи ќе ги прими странските газди (во дворецот Версај).

Еден друг француски весник „Ле Паризиен“: Скандал со коњско месо: Во понеделник почнува судскиот процес Спангеро.

Француски „Ле Монд“: Сирија: Израелски воздушен напад врз ирански цели.

Катарски „Ал Џезира“: Од Ердоган до Трамп: Спремни сме без задоцнување да ја преземеме безбедноста на Менбич.

Арапскиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“ кој се објавува во Лондон: Израелската армија ги бомбардира целите на армијата Кудс лојални на Иран, во Сирија.

Еден друг арапски весник „Ал Хајат“ кој исто така се објавува во Лондон: Остра кампања од Трамп против демократите кои го одбија неговиот предлог за ставање крај на кризата со затворање на владата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: (Британската премиерка) Меј, денеска на парламентот ќе му предложи алтернативен план на планот за Брегзит.

Еден друг шпански весник „Ел Мундо“: Рударите во екипата за спасување прават пресметки дека до овој вторник не ќе можат да го извлечат двегодишното дете кое е заглавено во еден длабок и тесен бунар.

Шпански „Ла Вангардија“: Еден протест во Атина се преобрази во бојно поле и зад себе остави 12 повредени.

Руската новинска агенција „Риа Новости“: Откриено е дека „една хуманитарна организација“ на југот на Русија собира пари за терористите (на ДЕАШ).

Рускиот информативен портал lenta.ru: Државната Дума им испрати по пошта отпад на пратениците и на сенаторите.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе отпатува за Москва на разговори со Путин за мировниот договор.

Германскиот весник „Дојче Виртшафтнахрихтен“: Ердоган соопшти дека долговите на сопствениците на кредитни картички ќе се соберат во една банка.

Германската телевизија „АРД“: Реакција против случајот со шпијонажа: Германската влада планира санкции врз Иран. Германија на тој начин ја покажува својата реакција против активностите на иранските тајни служби во земјите на Европската унија (ЕУ).  

Германски „Дојче Веле“: Извештај: Бројот на испратени мигранти во земјите на ЕУ на рекордно ниво. Според веста објавена во печатот, германските органи во 2018 година испратија рекорден број мигранти во земјите на Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести