Странски печат 28.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

1058320
Странски печат 28.09.2018

Како што информира иранската новинска агенција „ИРНА“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Европа не го одржа своето ветување за помош на сириските бегалци и дека товарот на тешката хуманитарна криза се наоѓа на плеќите на Турција.

Иранската новинска агенција „Фарс“ пак соопшти дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој во придружба на парламентарна делегација отпатува во посета на Узбекистан, во главниот град на оваа земја Ташкент се состана со претседателот на Сенатот, односно Законодавното собрание Нигматулла Јолдашев. На средбата страните разговарале за прашањето во врска со унапредувањето на парламентарните односи помеѓу двете земји.

Јапонскиот весник „Санкеи Шимбун“ напиша дека претседателот Реџпе Тајјип Ердоган и јапонскиот премиер Шинзо Абе се состанаа во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк во САД и дека на средбата беше потврдена целта за склучување во што е можно поскоро време на  договорот за економско партнерство помеѓу двете земји.

Италијанската информативна мрежа „АНСАмед“ соопшти дека безбедносните сили на Турција минатата недела фатија 5.979 лица од кои 791 во морето кои незаконски се обидувале да влезат во Турција или да заминат за земјите на Европската унија (ЕУ).

Рускиот весник „Комерсант“ истакна дека како што изјавил претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција нема да дозволи да се формираат терористички формации на нејзините граници.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес“ информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека доколку ОН кои веќе се прочуени по неуспешноста не се преструктуираат, се соочуваат со опасност да дојдат во положба на организација која ќе биде во услуга особено само на петте светски сили во Советот за безбедност. 

Британската новинска агенција „Ројтерс“ соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојуваше во Њујорк по повод годинашните седници на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) овде истакна дека секоја одлука во врска со американскиот свештеник Ендрју Брансон  кој беше уапсен поради поврзаност со терористички организации и се наоѓа во домашен затвор, ќе биде донесена од страна на судовите.

Италијанскиот информативен орган „ABC“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот пред Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) остро ја критикуваше Европската унија (ЕУ) која ја обвини заради тоа што не доставува подрдшка по прашањето на бегалците кои бегајќи од Сирија се засолнаа во Турција. 

Катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“, соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за новинската агенција Ројтерс истакна дека се додека Асад се наоѓа на власт не е можно да продолжат мировните преговори за Сирија.  

Азербејџанскиот весник „Бизим Јол“, напиша дека беше преговарано за можностите за развивање на воената соработка помеѓу Азербејџан и Турција.

Кинеската новинска аегнција „Ксинхуа“, информира дека учебникот по кинески јазик за странци по ием „патот што води кон успех“ на 25 септември беше објавен со својата верзија на турски јазик.

 



Слични вести