Странски печат 21.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

1053900
Странски печат 21.09.2018

Руската официјална новинска агенција „Риа Новости“, им оддели место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека без да се реши кризата со Нагорно Карабах не може да стане збор за отворање на границата на неговата земја со Ерменија и за подобрување на дипломатските односи со Ереван.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес“ (АП), информираше дека Турција и Русија постигнаа договор по прашањето на формирање демилитаризирана зона во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Британската новинска агенција „Ројтерс“, истакна дека според сириските опозиционери договорот за Идлиб помеѓу Турција и Русија ги уништи надежите за повторно воспоставување на контролата во целата земја од страна на Асадовиот режим.

Како што информираше руската официјална новинска агенција „Риа Новости“, постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб претставува фрлен чекор кон мирот во Сирија.

Информативниот орган на Босна и Херцеговина „Ослобоџење“, им оддели место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој по постигнатиот договор со Русија за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб во Сирија, изјави дека ќе се реализираат заеднички патролирања со Русија и дека Турција ќе испрати дополнителни воени единици во Идлиб.

„Радиото Глас на Русија“, соопшти дека Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат да испраќаат воена опрема и војници на границата со Сирија.

Француската новинска агенција „АФП“, информираше дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција ќе го зголеми бројот на своите војници во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Британската новинска агенција „Ројтерс“, соопшти дека Турција ќе почне да го гради проектот Канал Истанбул кој што ќе биде во должина од 45 километри и ќе се протега паралелно на Истанбулскиот морски теснец, Босфорот. Работите за проектот Канал Истанбул ќе започнат од оваа година.

Француската новинска агенција „АФП“, информираше дека е олеснета постапката за добивање турско државјанство. Странците отсега ќе можат да се обратат за добивање турско државјанство доколку во Турција располагаат со банкарски влог во износ од 500 илјади долари и да инвестираат над 500 илјади долари, за што пак претходно се бараше банкарски влог од 3 милиони долари и инвестирање во износ од 2 милиони долари.

Британската новинска агенција „Ројтерс“, соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање до претставниците на американските фирми во Турција истакна дека односите помеѓу Вашингтон и Анкара ќе зајакнат со инвестиции и со трговија.

Јапонскиот телевизиски канал „НХК“, информира дека по три години повторно се одржа состанокот на Турско-јапонскиот совет на кој се состанаа економските организации на двете земји, а со цел зајакнување на економските односи помеѓу Турција и Јапонија.

Иранската новинска агенција „Фарс“,им оддели место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која истакна дека за производите произведени во Турција е развиено лого за домашно производство и рече: „Нашите граѓани ќе можат од етикетите да ги видат производите на оние кои произведуваат во оваа земја, овде инвестираат и овде создаваат можности за вработување.“

Иранската новинска агенција „ИРНА“, соопшти дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак изјави дека среднорочната економска програма на земјата ќе биде фокусирана на економски раст, намалување на инфлацијата и намалување на невработеноста.

Кримската новинска агенција „КХА“, информираше дека светскиот и европски шампион турскиот атлетичар репрезентативец во интервју за агенцијата, Азербејџан го оцени како „свое детство“, а за Турција рече дека е „негов дом“.

 

 



Слични вести